Корисници на Редит ги споделиле зборовите што им го промениле животот

Корисници на Редит ги споделиле зборовите што им го промениле животот

Еднаш Брус Ли изјавил:

„Прилагоди се на она што е корисно, одбиј го она што е бескорисно и додај го она што е само твое.“

Корисници на Редит ги споделиле зборовите што им го промениле животот

Ова може да важи и за зборовите кои секојдневно ги слушате, а се всушност прикриени совети. Понекогаш и наједноставните зборови можат навистина да ви го променат вашиот живот. Во продолжение погледнете ги зборовите што им ги промениле животите на неколку корисници на Редит.

„Сретнав личност којашто беше во инвалидска количка. Раскажуваше за тоа како еднаш некој го прашал дали му е тешко што е заробен во количка. Тој одговорил: ‘Јас сум ослободен од неа. Мојата количка е причината што можам слободно да се движам и да одам каде што сакам. Во спротивно би бил заробен во креветот и би ми било навистина тешко да ја напуштам просторијата или куќата.’“

„Кога вашиот гнев ќе помине, врската сè уште ќе биде овде. Всушност, кога повеќе не сте гневни, штетата што сте ја направиле во врската додека сте делувале поради гневот останува и може трајно да ја повреди врската.“

„Немој да бидеш злобен кон твоето куче. Тоа е овде неколку години од твојот живот, но ти си целиот негов живот.“

„Кога бев млад и кога го имав првиот сериозен разговор за врската со мојата прва вистинска девојка ѝ реков дека само сакам да ја најдам вистинската личност. Таа веднаш ми рече: ‘Секој ја бара вистинската личност, а никој не се обидува да биде вистинската личност.’“

„Пораснав во сиромашно семејство, па секогаш бев несигурна за одење на убави и скапи места. Не се чувствував толку добро како и другите луѓе таму. Еднаш бев на состанок во убав ресторан со едно момче и тој ми рече: ‘Плаќаш за својот оброк како секој овде. Заслужуваш да бидеш овде исто колку и нив.’“

„Мајка ми беше во болница и беше сериозно болна. Мојот најдобар пријател ми рече: ‘Го имаш целиот живот да паничиш за ова, не прави го тоа пред неа.’ Навистина разбрав нешто тој ден – чувствата не се секогаш важни. Понекогаш треба да ги одложиш за твое добро.“

„Луѓето нема да ги запомнат зборовите што сте ги кажале, но ќе запомнат како сте направиле да се чувствуваат.“

„Ова беше за време на аплицирање за факултет и откако бев одбиен од неколку познати факултети во првата недела, малку изгубив надеж. Татко ми (кој е писател) ми рече: ‘Бев одбиен од Стенфорд 3 пати, а сега моите книги се во нивната библиотека. Мора да си подобар од нив.’“

„Помислете на момент кога сте биле засрамени. Лесно е, зарем не? Сега помислете на момент кога некој друг бил засрамен. Потешко е, нели? Нема потреба да се грижам за моментите кога сум бил засрамен бидејќи не ги помни никој освен мене!“

„Во доцните 30-ти (38 да бидам точен) размислував да се запишам на 2-годишни студии по радиографија. Разговарав за ова со еден од најдобрите пријатели и му реков: ‘Нели мислиш дека е доцна да го започнам тоа? Ќе имам 40 години додека да ја добијам дипломата.’ Пријателот ми рече: ‘Ако не го направиш, пак ќе имаш 40 години, ама ќе бидеш без диплома.’ Сега имам 60 години и да бидам искрен, таа диплома направи голема разлика. Сега заработувам повеќе и живеам подобар живот.“

„’Депресијата се прикажува со маската на рационалната мисла.’ Кажано од мојот чичко.“

„Следната година ќе посакаш да си започнел денес.“

„’Образованието е скапо, но без образование е уште поскапо.’ Дефинитивно посериозно го сфатив училиштето откако некој ми го кажа ова.“

„Имав лош ден и кажував нешта како : ‘Зошто јас?’ Тогаш еден колега ми рече: ‘Зошто не ти?’ Па, никој всушност не размислува така и тој имаше добра поента, па немав друг избор освен да замолчам.“

„’Секој што ќе го сретнеш знае нешто што ти не го знаеш.’ Дедо ми ми го кажа ова и ме потсети дека има учители насекаде.“

„Знаете дека сте возрасни кога можете да бидете во право без да ѝ докажете на другата личност дека греши.“

„Парите што ги штедите за да купите лоша храна, подоцна ќе ги потрошите на сметки за лекување.“

„’Сите ќе умреме еден ден. Ништо не може да го спречи тоа. Прави што сакаш да правиш. Не сакаш еден ден на смртната постела да мислиш за сите нешта што не си ги направил бидејќи глупавите луѓе ќе имале глупаво мислење за тоа. Тие и онака се само љубоморни.’ Дедо ми ми го кажа ова неколку месеци пред да почине на 89-годишна возраст.“

„Татко ми секогаш ми кажуваше: ‘Ако си најпаметната личност во просторијата, тогаш си во погрешна просторија.’“

Прочитајте ги и овие цитати што ќе ве инспирираат да ги следите вашите соништа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар