КАФЕ ПАУЗА

Македонски Телеком поддржа идејно решение за намалување на аерозагадувањето

Македонски Телеком поддржа идејно решение за намалување на аерозагадувањето
Ефикасен метод за прочистување на воздухот, патентиран од професори од ФИНКИ и Земјоделскиот факултет во Скопје

rnМакедонски Телеком поддржа идејно решение за намалување на аерозагадувањетоrnrnМакедонски Телеком поддржа идејно решение за намалување на аерозагадувањето, патентирано од професори на ФИНКИ и Земјоделскиот факултет во Скопје.rnrnСтанува збор за аеросолизација, ефикасен еколошки метод, со кој воздухот се прочистува преку распрснување ситни капки вода, кои ги прилепуваат PM10 честичките и другите загадувачи на површината на почвата.rnrnУредите со кои се врши аеросолизација се нарекуваат турбоатомизери, истите кои се користат за наводнување на земјоделските површини.rnrnТелеком се вклучи во реализација на решението со донација на два вакви уреди кои ќе се користат на различни локации, во координација со релевантните институции.rnrnСо аеросолизација, за прочистување на воздухот се користи обична вода во комбинација со засладувачи. Така што освен што е едноставен, овој метод е и еколошки погоден за урбани средини, затоа што не се користат хемикалии.rnrnМакедонски Телеком поддржа идејно решение за намалување на аерозагадувањетоrnrnСпоред досегашните мерења направени во општина Аеродром и Куманово, со аеросолизација загадувањето се намалува од 60-70% со траење од десетина часови. И покрај тоа што ефектот е краткотраен, со континуирано користење се придонесе во борбата со аерозагадувањето, што е сè поголема закана особено во големите градови.rnrnОваа донација е дел од иницијативата на Македонски Телеком „Telekom Goes Green“, со која се опфатени повеќе акции за заштита на животната средина, како што се: употреба на електрични велосипеди, електрични возила, групни еко акции на вработените, создавање на апликацијата за лоцирање на отпад CleanAppMK и други.