Каков секс всушност сакаат мажите?
Доколку сте биле во машко друштво, сигурно сте забележале дека припадниците на посилниот пол сакаат да се фалат за нивните сексуални достигнувања. Многу често може и да си додадат нешто со цел да ги импресионираат нивните пријатели. Но како што знаат жените, вистината често е поразлична од нивната приказна.
Наместо маратонски секс и бурно водење љубов, голем дел од машките всушност сакаат нежност во спалната соба.
„Понекогаш ми е срам да признаам, но најмногу го сакам нежното водење љубов. Обожувам кога партнерката со поглед и допири ми покажува дека ме посакува и дека не ѝ е проблем да преземе иницијатива“, изјавил еден 34-годишен маж.
„Немам ништо против брзиот секс, но понекогаш тој не ги задоволува моите најдлабоки потреби. Најмногу сакам кога нежно ќе ме соблече, ќе ме бакнува по целото тело и кога постепено ќе стигнеме до оргазам. Тогаш се чувствувам како да сме поврзани, како да сме едно.“
Фактот дека ова размислување е често помеѓу мажите е докажано и од неколку истражувања.
„Мажите не сакаат секогаш да бидат иницијатори за сексуален однос“, изјавила доктор Даун Мајкл, клинички сексолог и авторка.
Таа објаснува дека ако мажите постојано мораат да иницираат секс, почнуваат да се чувствуваат помалку привлечно. Исто така може да се појави и страв дека не се доволно добри во спалната соба.
И покрај популарноста на книгите како „Педесет нијанси сиво“ (Fifty Shades of Grey), Мајкл забележала дека сè поголем број мажи всушност сакаат други работи.
„Некои мажи сакаат кога нивните партнерки се доминантни, но таа доминација не ја спроведуваат на груб начин. Напротив, тие сакаат кога жените доминираат со грижа. Ретко се зборува за ова, но мажите навистина сакаат нежност во спалната соба. Сакаат интимност со жената преку нежен секс полн со љубов. Жените забораваат дека и мажите се емоционални битија, а сексот е искажување на интимноста“, додала докторката.
Дознајте и кои се најголемите сексуални желби на секој маж.