Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлија

Сподели

Овој фотоапарат е толку мал, што ќе помислите дека не може да го фати во кадар ни врвот од вашиот прст и е дефинитивно многу лесен за губење. Но, пред да го измислат овој микроскопски уред кој е достапен во продажба, креаторите очигледно верувале дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања.Минијатурната камера со површина од 2,54 см², може да направи фотографии од 2 мегапиксели и може дури и да снима видео. Неговите креатори од Њујорк, убедуваат дека уредот од 28 грама работи совршено добро, без разлика што е голем колку врвот од прстот.Мини-камерата е произведена од американската фирма „Hammacher Schlememr“, која на полиците го продава за 99,95 долари.

Реклама

Генералниот директор на „Hammacher Schlememr“, Фред Бернс велиrn.rn

„И покрај тоа што најмалиот фотоапарат во светот е малку поголем од џамлија, сепак прави фотографии и снима видеа исто како повеќето фотоапарати со нормална големина. Тоа е извонредно парченце уред, кое очекуваме да стане многу популарно во јавноста.“

rn.rn

„Фотоапаратот има ремче за да го носите околу рачниот зглоб, при што се олеснува неговата преносливост.“ – додава тој

rnНајмалиот фотоапарат во светот може да прави фотографии во JPEG формат со резолуција од 1600 x 1200 мегапиксели, има автоматски фокус и може да снима видеа со 30 фрејма во секунда во AVI формат, со резолуција од 640 x 480 мегапиксели. Сето тоа се складира на мемориска картичка microSD од 2GB, но прифаќа и мемориски картички со големина до 32GB. Исто така, тој може да се поврзе со компјутер преку УСБ кабел, исто како секој друг фотоапарат.Мини-апаратчето е одлично за шпионирање и „ловење“ интересни „фотки“ додека никој не ве гледа. 🙂 Но, ако веќе планирате шпионски да фотографирате, подобро побрзајте, зашто батеријата на апаратот трае 30 минути, после едночасовно полнење.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира