Ако доволно ги притиснете, повеќето луѓе ќе признаат дека барем малку сакаат да ги импресионираат луѓето. Можете да ги импресионирате другите со вашиот автомобил, вашите електронски направи или вашата облека.rnrn
rnrnНо покажувањето на вашето богатство не секогаш е ефективно, ниту пак автентично. За да оставите траен добар впечаток, потребно е да водите значаен разговор со некого. Размислете за луѓето кои сте ги импресионирале во минатото. Најчесто сте го направиле тоа користејќи го вашиот интелект, а не вашето материјално богатство.rnrnПа, без разлика поради која причина сакате да импресионирате некого, еве како да го направите тоа.rn
1. Бидете самоуверени во врска со вашите верувања
rnФакт е дека никој не може да биде во право цело време. Можеби грешите за некој факт, верување или заклучок. Но ако постојано се сомневате и ви е срам да ги искажете вашите верувања, нема да оставите добар впечаток кај другите.rnrnНема ништо поимпресивно од личност која храбро го изнесува своето мислење поддржано со факти. Луѓето кои имаат мислење за некој проблем се попочитувани за разлика од оние кои се сомневаат во нивното расудување и интелигенција. Па за да ги импресионирате другите, мора да зборувате убедливо, но внимавајте да не звучите арогантно.rn
2. Слободно давајте комплименти
rnРечиси секој од нас сака признание и внимание. Кога им давате комплименти на другите, правите да се чувствуваат добро за себе. Ако ви се допаѓа нечија облека, слободно дајте ѝ комплимент на личноста. Но немојте да претерувате. Доволен е едноставен и искрен комплимент.rn
3. Гледајте го соговорникот во очи
rnВо текот на разговорот, добро е да го гледате соговорникот во очи бидејќи така ќе се поврзете и на лично ниво. Можете да изгледате незаинтересирано ако постојано го избегнувате туѓиот поглед. Не залудно се смета дека очите се прозорци кон душата.rn
4. Насмевнете се
rnЛуѓето кои не се насмевнуваат во текот на разговор често ги гледаат како личности на кои не може да им се верува. Кога се насмевнувате додека разговарате со некого, имате поголеми шанси за влијание. Избегнувајте претерано насмевнување и смеење со личност од спротивниот пол, бидејќи понекогаш може да изгледа како да флертувате или да се однесувате непрофесионално.rnrnПогледнете и како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди.
