Можеби родителите навистина знаеле што прават кога го прошириле митот за листата на Дедо Мраз со добри и лоши деца. Доколку како мали ви ја кажувале оваа приказна, веројатно сте се обидувале да бидете што е можно подобри за да го добиете посакуваниот новогодишен подарок. Но, никој не е совршен, па дури и најдобрите луѓе прават по нешто лошо одвреме-навреме.rnrn
rnrnДури и ако не знаете ништо за астрологијата, голема е веројатноста да сте свесни за лошите карактеристики на вашиот знак. Без разлика колку се обидувате да се убедите дека тие карактеристики не можат да ви се припишат и вам, сепак се појавуваат кога не сте во вашето најдобро издание. Па, погледнете зошто сте се нашле на лошата листа на Дедо Мраз оваа година.rn
Овен: Постојано започнување расправии
rnВо колку расправии сте учествувале оваа година? Вашиот темперамент е краток и знаете дека лесно влегувате во конфликти. Иако веќе сте слушнале за длабокото дишење со цел да размислите за вашите навреди, едноставно понекогаш не можете да одолеете.rn
Бик: Премногу им судите на другите
rnМожеби мислите дека им давате на луѓето конструктивни критики, но понекогаш само им судите. Дали сте го правеле ова често изминатава година? Иако можете да бидете тврдоглави во врска со вашите верувања, не сите имаат ист живот како вашиот.rn
Близнаци: Исмејување на другите
rnЗнаете дека не можете да одолеете да се пошегувате, но колку пати сте се смееле на туѓа сметка? Можеби премногу сериозно си ја сфаќате улогата на кловн, но ова не е изговор да се шегувате со нечиј проблем. Дали туѓата несреќа навистина ви е толку смешна?rn
Рак: Емоционална манипулација
rnПризнајте дека не сте секогаш добри како што сакате да мислите дека сте. Веројатно сте ја искористиле вашата невиност во ваша корист неколку пати оваа година. Само затоа што лесно можете да ги пуштите солзите, не значи дека треба да го правите тоа. Не е во ред да ја злоупотребувате туѓата сочувствителност.rn
Лав: Мислите дека сè е во врска со вас
rnЗнаете дека го сакате вниманието и сакате да бидете ѕвезда, но колку пати сте направиле нешто себично без да размислите на последиците? Поради вашата желба да блескате најсилно, намерно или ненамерно сте повредиле или навредиле некој друг.rn
Девица: Воздржување на емпатијата
rnВие сакате совршеност, но ни вие не сте совршени. Сепак, не можете да престанете да мислите дека сè ви е јасно. Знаете дека често ја исклучувате вашата чувствителност кога станува збор за некој друг, најмногу затоа што верувате дека проблемот е негова вина. Но можете ли да се сетите колку проблеми и неуспеси сте имале вие?rn
Вага: Озборување
rnКолку лоши работи сте кажале оваа година? Можеби знаете да се насмевнете и да изгледате фино пред некого, но кога ќе ви го свртат грбот, кажувате навистина лоши работи. Познато е колку многу мразите конфликти, но треба да имате храброст да им кажете на луѓето во лице што навистина мислите.rn
Скорпија: Одмазда
rnМожеби не ви е лесно да простувате, но ова не е изговор да направите нечиј живот мизерен. Едно е да се грижите за вашата гордост и почит, но да му одржите лекција на некого е нешто сосема друго. Одмаздата само го одолговлекува проблемот.rn
Стрелец: Не знаете кога е доста
rnВие настојувате да ги носите нештата предалеку. Колку пати сте го направиле проблемот поголем од што навистина е? Колку пати сте почнале расправија? Колку пати сте им создавале притисок на пријателите изминатава година? Не е добро што за ова страдаат другите.rn
Јарец: Одбирате моќ пред љубов
rnВашиот мотив за успех е неверојатен, но дали сте размислиле дека поради таа желба сте заборавиле да покажете сочувство кон другите. Постојат многу поважни нешта од тоа да изгледате моќно. Ако сте им дозволиле на амбициите да ви ја отстранат емпатијата или дарежливоста, Дедо Мраз знае за тоа.rn
Водолија: Потценување на другите
rnПонекогаш знаете да бидете навистина претенциозни. Колку често сте се однесувале како да сте подобри од сите? Иако можеби луѓето изгледаат воодушевено од вас, понекогаш мислат дека сте вистински сноб.rn
Риби: Мислите дека ништо не е ваша вина
rnБез исклучок вие настојувате да се гледате како жртва, без разлика во каква ситуација се наоѓате. Колку пати сте одбиле да ја преземете вината кога била ваша? Тоа што се правите повредени во секоја ситуација не го прикрива фактот дека понекогаш и вие сте одговорни. Едноставно не сакате да признаете.rnrnПогледнете и кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во 2019-та година.