Стотици луѓе се журкаа во дивина во центарот на Скопје

Стотици луѓе се журкаа во дивина во центарот на Скопје

Стотици луѓе вчера во клубот „Станица 26“ во Скопје поминаа една ноќ во дивина каде идеален начин да се згреат беше жестокиот пијалак Jägermeister. Познатиот бренд ја организираше забавата насловена како -18°C After Dark, на која посетителите беа опкружени со светлечки метални еленски глави, бршлен, скулптура од мраз и со апарати од кои бесплатно се точеше Jägermeister. Звукот на дивината го доловија Тони Зен и диџеите Чваре, Бугимен и Мартин, а настапија и хип-хоп танчерите од екипата Beatrix crew.

Стотици луѓе се журкаа со Jägermeister во клубот „Станица 26“

Уште на самиот влез луѓето имаа можност да ја почувствуваат атмосферата на дивината. Висеа бршлени, а од ѕидовите „гледаа“ светлечки метални еленски глави, симболот на Jägermeister. Дел од просторот во клубот го заземаше дводимензионална ледена скулптура поставена во кутија со кршен мраз, во која, пак, се ладеа епрувети со познатиот пијалок. Хип-хоп музиката и ледениот Jägermeister го наполнија подиумот, а присутните имаа шанса да остават свој флуросцентен отпечаток на големо платно.

Стотици луѓе се журкаа со Jägermeister во клубот „Станица 26“

Стотици луѓе се журкаа со Jägermeister во клубот „Станица 26“

Стотици луѓе се журкаа со Jägermeister во клубот „Станица 26“

Изненадување за присутните беше големата трафика со ретро дизајн, чија внатрешност беше уредена како шума во која гостите се фотографираа надополнувајќи ја дивата атмосфера во „Станица 26“. Жестокиот Jägermeister го точеа двајца искусни бармени користејќи најразлични трикови и акробации, при што гостите на забавата добија можност да пробаат и различни коктели со овој пијалок, како и да вкусат нови, интересни и невообичаени комбинации.

Стотици луѓе се журкаа со Jägermeister во клубот „Станица 26“

Стотици луѓе се журкаа со Jägermeister во клубот „Станица 26“

Стотици луѓе се журкаа со Jägermeister во клубот „Станица 26“

Забавата -18°C After Dark заврши во раните утрински часови, а публиката од Jägermeister остана да очекува уште креативни, уникатни и забавни настани во организација на овој светски познат бренд.

Стотици луѓе се журкаа со Jägermeister во клубот „Станица 26“

Стотици луѓе се журкаа со Jägermeister во клубот „Станица 26“

Стотици луѓе се журкаа со Jägermeister во клубот „Станица 26“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар