Жена објаснува зошто треба да ја почитувате приватноста на вашето дете

Жена објаснува зошто треба да ја почитувате приватноста на вашето дете

Не е лесно да се биде родител, а понекогаш дури и кога му го посакувате најдоброто на вашето дете, вашите намери можат да предизвикаат токсично однесување. На пример, некои родители се премногу заштитнички настроени кон нивните деца, па тешко им е да им веруваат. Ова води кон нарушувања на нивната приватност, и развивање на многу проблеми кај детето во иднина.

Жена објаснува зошто треба да ја почитувате приватноста на вашето дете

Една корисничка на Тамблр раскажала приказна за настан на Девојчињата извиднички кога било поставено прашањето: „Дали родителите треба да ги читаат пораките на нивната ќерка или да ја следат нејзината онлајн активност за користење лош јазик и непристојна содржина?“ Изгледа дека постарите и помладите имале многу различни размислувања. Прочитајте го целосното мислење на жената.

Денес бев „гласот на млада жена“ на локален настан за Девојчињата извиднички. Едно од прашањата што беа поставени беше во стилот: „Дали родителите треба да ги читаат пораките на нивните ќерки или да ја набљудуваат нивната онлајн активност за користење лош јазик и непристојна содржина?“

Се изненадив кога првата жена го одговори прашањето како да беше за онлајн малтретирање. Возрасната публика согласно кимаше со главите додека жената зборуваше за важноста да се заштитат децата онлајн.

Кога заврши, јас посегнав по микрофонот. Реков: „Кога станува збор за читање на пораките на вашето дете или најавување на нивните профили на социјалните мрежи, 99,9% од времето би ви кажала да не го правите тоа.“

Ми одговорија со целосно шокирани погледи. Навистина видов глави кои се вратија наназад од изненадување. Дури и некои од луѓето на бината трепнаа.

Секој гледаше додека објаснував дека одењето зад грбот на детето на таков начин ја ослабува довербата во родителот. Кога реков: „Ова е најефективниот начин да се осигурите дека вашето дете нема да ви каже ништо“, беше како да сум направила откровение.

Лесно е да се разговара за неповрзаноста помеѓу старите и младите, но мислам дека никогаш не ме удрила во лице реалноста од тоа. Беше јасно дека повеќето родители на кои им зборував, никогаш не помислиле на идејата дека таквите постапки се престап.

Ова ми кажува колку брзо возрасните забораваат дека и децата се луѓе.

Бидејќи имам искусено слични престапи во мојата младост, ова е важен проблем за мене, па сакам да додадам лична приказна.

Кога имав околу 13 години, се обидов да ѝ кажам на мајка ми дека можеби имам клиничка депресија. Таа ми се развика и ми рече да не се шегувам за такви нешта. Престанав да ѝ кажувам на мајка ми кога се чувствував депресивно.

Кога имав околу 15 години, ја фатив мајка ми на дело како ми го чита дневникот. Призна дека секогаш кога ќе ме видела како пишувам во него, се искрадувала во мојата соба и го читала бидејќи сум пишувала само кога сум во лошо расположение. Престанав да водам дневник.

Кога имав околу 18 години, имав нервен слом додека бевме на одмор бидејќи не сакав да одам на факултет. Завршив кај терапевт за, изненадување, депресија.

Кога имав околу 21 година, зборував на истиот настан со мајка ми во публиката и подоцна го спомнав инцидентот со дневникот. Таа рече: „Знаеш дека го читав бидејќи бев загрижена дека си депресивна и дека ќе се повредиш, зарем не?“

Кога ја нарушувате приватноста на вашите деца, кажувате три нешта:

1. Не ги почитувате нивните права како личност.

2. Не им верувате сами да ги решаваат проблемите или да побараат помош.

3. Веројатно не сте ги слушале кога ви зборувале.

Информацијата за речиси секој проблем за која мислите дека треба да душкате наоколу, најверојатно можете да ја добиете со комуницирање и слушање на вашето дете.

Прочитајте ги и овие едноставни совети за онлајн безбедност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар