Компанијата Nervous System дизајнирала неверојатна бесконечна сложувалка која се состои од 442 делчиња. Сложувалката на која е прикажана карта од Земјата нема ниту рабови, ниту точно одредена форма, и е направена од иверица од бреза.rnrn
rnrnКласичната мапа ги наметнува нашите претпоставки за светот. Мапата со која сме најдобро запознаени го расклопува глобусот во правоаголник без правилно да ги распореди должината и ширината. Поради ова Гренланд е претворен во масивна тундра, а Антарктикот е непрепознатлива дамка на дното. Изгледа како Арктикот да е премногу широк, кога всушност летањето над него е најбрзиот пат од Европа до САД. Со други зборови, ја воспоставува идејата на свет поделен на исток и запад. Дури и правилниот глобус обично има фиксирана север-југ оска која ни наметнува одредена гледна точка.rnrn
rnrnСложувалката на Земјата е направена според вид мапа наречена полиедарска проекција, каде што сферата е проектирана на форма со рамни страни која потоа е исправена. Во овој случај глобусот е проектиран на форма со 20 страни составени од еднакви триаголници. Ова го намалува искривувањето што се појавува кај повеќето мапи.rnrn
rnrnСложувалката со Земјата може да се реди во безброј форми бидејќи ја има топологијата на сфера и делчињата се соединуваат со ротација.rnrn
rnrnСложувалката има 16 делчиња во форма на животни кои се препознатливи за одредени делови од светот – киви за Нов Зеланд, алпака за Јужна Америка, жирафа и носорог за Африка, и разни китови и морски суштества низ океанот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ја и оваа сложувалка од Млечниот пат од истата компанија.
Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма
