Многу луѓе ја чувствуваат енергијата на полната месечина. Ова секогаш значи дека сонцето и месечината се во спротивните знаци на зодијакот. Овој период е исполнет со притисок, но и рамнотежа – соларниот јанг и лунарниот јин се во хармонија.
rn
Што да правите?
rnМесечината се зголемува, и ако сте ги поставиле вашите цели за време на младата месечина, сега сте подготвени за делување. Со целата енергија околу вас, можете да добиете одговор на прашањата кои не ви биле баш јасни за време на младата месечина.
Претворете ги вашите замисли во реалност со помош на делување. Можете да си направите и некаков ваш ритуал со кој ќе испратите порака дека сте подготвени да преземете нешто.rn
Што е целта?
rnСекој месец имате прилика за нов почеток. Целите што ги поставувате во одредена месечева фаза можат да добијат специфични особини во таа фаза на месечината. Ова е начин да останете фокусирани на космичката струја и да се движите со текот.
Месечината расте и се намалува и тоа е константа во ова хаотично време. Секоја месечева фаза е прилика за поставување нови цели и за приближување кон животот од соништата.rn
Која е намерата?
rnОвој збор се користи често и може да го замени зборот „цел“. Сепак, намерата сугерира на активно ангажирање во она што заедно го креирате со универзумот. Вашата намера е она што сакате да го направите со вашиот живот.rn
Подготовка за полната месечина
rnСекоја полна месечина дава ново чувство на интуиција, а секој ритуал што го правите може да ја извлече суштината на знакот. Како што се приближува, можете да собирате фотографии, пронајдени предмети и значајни тотеми и да ги поставите на истакнато место.rn
Време за славење
rnПолната месечина често доаѓа со богата вибрација, создавајќи атмосфера за прослава. На овој начин се отвора можноста други луѓе да влезат во вашиот живот. Но имајте на ум дека сето ова може да биде навистина интензивно. Одвојте време за себе и покажете си почитување за секој чекор што ќе го направите од фазата на млада месечина.rn
Врв и откривање
rnПонекогаш полната месечина можете да ја чувствувате како крај на една фаза од вашиот животен пат. Ова е важно и на лично, и на глобално ниво. Замислете си го животот како филм во којшто сите точки се одделени, а на крај можете да видите како се испреплетуваат во една целина.
Ако сте поставиле некоја цел, полната месечина е периодот кога треба да почнете да се движите кон неа. Ова е и кулминација и време за почеток за остварување на вашите желби. Со делувањето ја пренесувате вашата идеја во реалноста и создавате вистинска магија.
Дознајте и како полната месечина влијае на нашата потсвест.

