КАФЕ ПАУЗА

Доколку сте раскинале поради овие 11 причини, најдобро е да се смирите со бившиот партнер

Доколку сте раскинале поради овие 11 причини, најдобро е да се смирите со бившиот партнер

Кога прв пат ќе раскинете со некого, можеби воопшто не помислувате на смирување. Ако поминал некој период и се прашувате дали да му се вратите на бившиот партнер, потребно е да земете предвид неколку нешта.rnrnДоколку сте раскинале поради овие 11 причини, најдобро е да се смирите со бившиот партнерrnrnИако некои сметаат дека никогаш не е добра идеја да му се враќате на минатото и дека раскинувањата се со причина, понекогаш треба да размислите за вашата одлука. Ако сакате да знаете дали можете да ја обновите вашата врска, најважно е да ја знаете причината за вашето раскинување. Доколку сте раскинале за некоја од следниве 11 причини, можеби би требало да ѝ дадете уште една шанса на вашата врска.rn

1. Сте се запознале додека сте биле со некој друг

rnИако сте биле подготвени кога конечно сте биле заедно, факт е дека ве чекало уште закрепнување. Едноставно не сте биле на вистинското место за оваа нова врска. Без разлика што тој бил висинскиот партнер, се појавил во погрешно време.rn

2. Сте биле во период на транзиција во кариерата

rnОва ви оставило малку време и енергија за врската.rn

3. Не сте сфатиле што сте имале

rnВи станало јасно колку го сакате партнерот дури откако си заминал.rn

4. Не сте биле подготвени

rnМожеби во тој момент сè уште не сте биле подготвени за нешто толку реално и интензивно.rn

5. Сте биле емоционално врзани за бивш партнер

rnМожеби не сте бил подготвени да го отворите вашето срце за некој друг, без разлика што бившиот бил токсична личност, а новиот партнер одличен за вас.rn

6. Требало да работите на себе

rnМожно е и да сте биле во период на созревање, учење и истражување. Сте го искористиле времето додека сте биле разделени за да го направите тоа.rn

7. Сте се обиделе да воспоставите временска рамка во врската

rnМожеби сте биле подготвени за запросување, брак и деца, но не и партнерот. Па, сте го оставиле за да најдете некој со ист „распоред“ како и вашиот.rn

8. Сте имале проблеми

rnСте имале проблеми од минатото со кои требало да се соочите и да се помирите, а сега веќе сте го направиле тоа.rn

9. Сте биле во „забавната“ фаза од врската

rnНе сте биле подготвени да се „смирите“ во тој момент. Сега сте.rn

10. Не сте знаеле што точно сакате и што ви треба

rnВи било поважно да најдете згоден и богат партнер, наместо некој кој ќе ве сака и ќе ве цени. Приоритетите ви биле други, но сега конечно ги знаете.rn

11. Не сте биле среќни со себе

rnСте барале надвор од себе за да бидете среќни и не сте сфатиле дека без разлика со кого сте, ќе се чувствувате осамено доколку вие не направите промена.rnrnАко сте биле во која било од овие ситуации, добро размислете како сте го поминале времето додека сте биле одвоени од бившиот. Важно е да научите што треба за здрава и трајна врска. Треба да ви е јасно што сакате и кои ви се потребите. Повеќе не завршувате со кого било, туку сте подготвени за вистинскиот.rnrnИсто така треба да бидете среќни и исполнети со себе. Тоа што имате партнер со кој ќе го споделите животот е само плус. И можеби личноста што сте ја барале во сите е личноста на којашто не можете да престанете да мислите – вашиот бивш партнер.rnrnКога ќе ја обновите врската, ќе знаете во што се впуштате. Ќе знаете кои проблеми можат да настанат. На овој начин ќе бидете подготвени за нив и ќе ги решите на продуктивен и здрав начин. Па, дајте му уште една шанса на бившиот. Можеби сепак тој е вашата сродна душа.rnrnДоколку веќе сте во врска и размислувате за раскинување, погледнете кои се знаците кои покажуваат дека партнерот не ве цени доволно и дека е време за крај.