10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

Сите ние имаме традиции што најчесто ги прославуваме со целото општество. Бидејќи мислиме дека многу од нив се стари со генерации, ги гледаме како начин да се поврземе со нашето потекло. Но, некои навидум стари традиции започнале многу подоцна отколку што мислите. Некои од нив не постоеле пред повеќе од еден век.

1. Дијамантски веренички прстени

10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

Традицијата што најмногу ја научивме од филмовите, воопшто не е стара и започнала како маркетиншки трик со цел да се зголеми продажбата на дијаманти во 1930-тите и 1940-тите.

Во раниот 20-ти век, компанијата De Beer Consolidated Mines, Ltd. презела контрола над речиси целата залиха на дијаманти во светот. Поради ова нивните цени веднаш пораснале. Проблемот бил што немало доволно побарувачка. Па, за да се заработат повеќе пари се родила традицијата за модерниот дијамантски веренички прстен. Рекламите го прикажале овој материјал како многу редок, што не е вистина, па сега треба да платите мало богатство за лажна традиција.

2. Играчки за полови

10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

Играчките наменети за половите се појавиле во 1980-тите. Во поголемиот дел од човечката историја, и машите и женските си играле со исти играчки и никој не обрнувал внимание на тоа. Во средината на 1980-тите, каталозите за играчки почнале да ги делат играчките во категории, па започнала и половата поделба. Дури и првите домашни компјутери биле рекламирани како играчки за мажи.

3. Роденденска песна

10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

Дали некогаш сте се запрашале зошто на телевизија се употребуваат чудни и различни роденденски песни? „Happy Birthday“ е песна што ја знаеме и ние и голема е веројатноста да сте ја пееле на нечиј роденден. Но, песната е напишана неодамна, односно во средината на 20-тиот век. Поради нејзиното место во културата на САД, до денес заработува пари.

4. Собирање слатки за Ноќта на вештерките

10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

Иако кај нас не се прославува овој празник, сигурно ви е познато што се случува. Ноќта на вештерките потекнува од келтски празник од Средниот Век кој бил прифатен и изменет од католичката црква. Но поранешните традиции биле многу поразлични од она што го гледаме денес. Во поголемиот дел од историјата, Ноќта на вештерките била христијанска прослава, а не преправање во страшни чудовишта.

Собирањето слатки потекнува од раните 1930-ти. Поради Втората светска војна, оваа традиција не постоела цели 20 години. По војната имало повеќе деца од кога било, па празникот добил подетинеста верзија.

5. Недела

10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

Во поголемиот дел од изминатиот милениум откако христијанството станало доминантно на Западот, луѓето работат по 5-6 денови, па прават пауза во недела за да ѝ се посветат на религијата. Како што се зголемувала моќта на работниците во 19-тиот и 20-тиот век, едно од нештата што тие почнале да го бараат бил еден слободен ден во неделата. Една компанија го овозможила тоа – фирмата управувана од Хенри Форд. Причината не била хуманост, туку план за поголема заработувачка. Кога работниците имале слободен ден, имале време за патување. Поради ова имале потреба од автомобили, па веднаш му ги враќале парите на Форд. Овој план бил толку совршен, што полека го прифатиле речиси сите.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар