Жена фотографира случајни минувачи за да позакаже како луѓето реагираат на дебелината

Жена фотографира случајни минувачи за да позакаже како луѓето реагираат на дебелината

Кога фотографката Хејли Морис-Кафиеро одлучила да направи фотографии од себеси во околина што ја правело да се чувствува непријатно, таа не очекувала дека ќе добие идеја за друг проект и дека токму тој ќе ѝ донесе светска слава. „Wait Watchers“ е социјален експеримент во форма на серија фотографии, собрани во една книга, што покажува како случајните минувачи реагираат на луѓето со прекумерна телесна тежина.

Во 2010 година, кога фотографката правела портрет од себе на Тајмс Сквер, забележала маж што зјапал во неа додека таа позира за фотографијата. Го правел тоа некое време, па брзо ѝ станало јасно дека тој ја осудува за нејзината тежина.

„Имам слушано како луѓето прават забелешки за мојата тежина, но никогаш не очекував дека ќе го снимам тоа“, објаснува таа.

Така и настанала идејата да постави камера со статив на јавно место, каде што сметала дека ќе биде интересно и да направи фотографии од себе како прави сосема нормални нешта, како зборување на телефон или јадење сладолед. Таа не се дотерала, бидејќи не сакала алиштата да привлечат внимание, ниту пак правела нешто друго за да го привлече внимание на луѓето.

По објавувањето на фотографиите, таа добила многу коментари што ја охрабруваат да почне да вежба, да се труди повеќе при одлучувањето што да облече и можеби да почне да нанесува шминка за да не изгледа онака како што изгледа. Токму тоа ја инспирирало да продолжи со серијата фотографии и да сними што е можно повеќе реакции на странците, овој пат правејќи го тоа што Интернетот ѝ го сугерира. Резултатите биле повторно исти.

Фотографката, којашто се борела со нарушување на исхраната во минатото и што страда од хипотироидизам, вели дека не се грижи за тоа што луѓето го мислат за неа и дека целта на проектот не е да направи некого да се почувствува лошо.

„Не го правам ова од лутина. Гледам на проектот како на социјален експеримент. Тоа не е ‘те фатив на дело’ момент. Едноставно сакам да ја искористам камерата така што ќе го свртам погледот на странецот кон него. Ми делува на еден вид барометар за општеството“, објаснува таа.

Покрај многуте пофалби, фотографиите наишле и на контроверзниот во онлајн светот, бидејќи не сите го поддржува тоа што фотографката се обидува да го покаже. Додека фотографиите покажуваат дека случајните минувачи зјапаат во неа, никој со сигурност не може да каже дека тие погледи носат потсмев или осуда. Многумина сметаат и дека тие можеби биле љубопитни за тоа што се случува околу камерата и фотографката.

Па, кои се вашите мислења за овој проект? Погледнете ги останатите фотографии на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар