Добро познато е дека успехот на филмот во голема мера зависи од изборот на актерите, па така често ни се случува едноставно да не можеме да замислиме некој друг да глуми некоја улога затоа што актерот толку добро се поврзал со карактерот. Голем број од глумците кои добро „продале“ некоја улога цел живот остануваат запаметени по неа.
Па така кога ќе се сетите на легендарниот филм „Клеопатра“ прво пред очи ви излегува ликот на Елизабет Тејлор, исто како што не можете да замислите некој друг на местото на Марлон Брандо во „Кум“. Следат неколку интересни женски карактери од познати филмови кои би можеле да бидат глумени од други актерки и во тој случај би биле многу поразлични.rnrn
1. Бритни Сприс како Али Хамилтон во „The notebook“
rnСакајќи да ја искористат нејзината база на фанови, луѓето зад оваа ултрапопуларна љубовна драма размислувале токму Бритни Спирс да ја глуми милата Али Хамилтон. Среќа, се одлучиле за Рејчел Мекадамс која улогата ја долови феноменално, а и хемијата меѓу неа и Рајан Гослинг е неоспорна. Реално, можете ли да замислите некоја друга на нејзиното место?rnrn
2. Сара Мишел Гелар како Шер Хоровитц во „Clueless“
rnПрвиот избор за улогата на размазената Шер паднал токму на Сара, но холивудската историја е поинаква само поради лоша проценка во датумите. Наводно, снимањето на филмот се поклопувало со снимањата на „All my children“ и само поради ова Сара ја одбила улогата. Иако физички и не се премногу различни со Алиша Силверстон, сепак имаат различна хемија пред камерите, па „Clueless“ со Сара Мишел Гелар би изгледал многу поинаку.rnrn
3. Моли Рингвалд како Вивиан Вард во „Pretty woman“
rnУлогата која го поплочи патот кон ѕвездите за Џулија Робертс првично ѝ била понудена на Моли, но не ја прифатила. А и да бидеме реални, Џулија во овој филм е едноставно незаменлива.rnrn
4. Гвинет Палтроу како Роуз Девит Букaтер во „Titanic“
rnПрвиот избор на Џејмс Камерон за оваа легендарна улога всушност била Гвинет Палтроу, но актерката го одбила велејќи дека улогата едноставно не е за неа. Вљубениците во филмот велат дека Гвинет никогаш не би ја остварила хемијата која ја долови Кејт Винслет со Леонардо Дикаприо. Што мислите вие?rnrn
5. Мерлин Монро како Холи Голајтли во „Breakfast at Tiffany’s“
rnБи можеле ли да замислите некој друг освен Одри Хепберн како стои пред излогот на Тифани облечена во еден од најпопуларните фустани на сите времиња? Всушност единствената личност која би можела да ја замени е незаборавната Мерлин Монро која наводно била инспирација за книгата „Појадок кај Тифани“. Труман Капоте има изјавено дека кога ја пишувал книгата ја замислувал Монро, па дури и сценариото за филмот било скроено токму како за неа. Мерлин ја одбила улогата поради нејзиниот професор по глума кој ја убедил дека глумењето проститутка би било лошо за нејзиниот имиџ.rnrn
6. Дајана Рос како Рејчел Марон во „The bodyguard“
rnПрвичното сценарио за филмот било напишано во 1975 година, а филмот бил снимен дури во 1992 година поради бројните неуспешни обиди за снимање и менувањето на екипата. Една од можните комбинации биле Дајана Рос и Стив Мекквин во главните улоги.rnrn
7. Натали Портман како Јулија во „Romeo + Juliet“
rnСнимањата започнале со Натали Портман во главната улога, но дури откако ги виделе заедно со Леонардо Дикаприо на сцена, сфатиле дека разликата во години е премногу забележлива. Режисерот Лурман дури и изјавил дека Натали би била совршена за улогата, но изгледала премногу ситна и малечка за нејзини години, па како резултат на тоа Лео делувал постаро отколку што бил.rnrn
8. Дру Баримор како Номи Малон во „Showgirls“
rnДру ја одбила улогата поради голотијата предвидена во сценариото, а со оглед на фактот дека Елизабет Баркли не успеа да се пробие во некои поголеми холивудски проекти после филмот, можеби Дру ја донела вистинската одлука.rnrn
9. Шарлиз Терон како Рокси Харт во „Chicago“
rnНиколас Хајтнер ѝ ја доделил оваа улога на Шарлиз, но кога си заминал од проектот Роб Маршал, новиот режисер ја натерал повторно да дојде на аудиција. Очигледно на Роб не му се допаднало она што Шарлиз го понудила зашто сите добро знаеме дека оваа феноменална улога ѝ припадна на Рене Зелвегер.rnrn
10. Ема Томпсон како Катрин Трамел во „Basic instinct“
rnТешко дека некоја друга актерка би одглумела некои од сцените онака како што го направи тоа Шерон Стоун, а многумина се согласуваат и дека токму нејзината улога го прави целиот филм. Самата Ема години подоцна има изјавено дека никогаш не би била толку добра во „Основен инстинкт“ како Шерон.rnrn
11. Мишел Фајфер како Кларис Старлинг во „The silence of the lambs“
rnМишел ја одбила улогата поради премногу насилната содржина на филмот, но со оглед на огромниот талент сигурно би била исто толку добра колку Џоди Фостер.rnrn
12. Џулија Робертс како Виола Делесепс во „Shakespeare in love“
rnПрвичниот избор за улогата на Виола паднал на Џулија и најверојатно овој филм денес ќе се наоѓаше во нејзината биографија да не се откажел Даниел Деј Луис од улогата на Шекспир.rnrn
13. Риси Витерспун како Сидни Прескот во „Scream“
rnОткако Дру Баримор била приморана да ја одбие улогата поради проблеми со датумите на снимањата, улогата во „Врисок“ ѝ била понудена на Риси, но не ја прифатила.rnrn
14. Хали Бери како Ени Портер во „Speed“
rnХали ја одбила улогата, која Сандра Булок ја направи ѕвезда.rnrn
15. Ширли Темпл како Дороти Гејл во „The wizard of Oz“
rnШирли била навистина голема ѕвезда во тоа време и секако дека MGM пробале да ја „позајмат“ од 20th Century Fox (Ширли имала потпишано договор со нив), но преговорите пропаднале и Џуди Гарланд ја добила улогата.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

