КАФЕ ПАУЗА

Како да одгледате дете кое не е материјалист?

Како да одгледате дете кое не е материјалист?

Сигурно постојано слушате за материјализмот во модерниот свет. Тој навистина постои и сите сме свесни за него. Но со толку многу разни размислувања и нови движења од страна на милениумците, изгледа како материјализмот да се намалува. Сепак, според едно ново истражување важи токму спротивното – материјализмот е пораспространет од кога било.rnrnКако да одгледате дете кое не е материјалист?rnrnАко сте родител, веројатно се прашувате како да одгледате дете кое нема да биде материјалист. Сакате вашето дете да биде среќно, а сигурно веќе сте свесни за проблемите кои доаѓаат од живеењето материјалистички живот. За среќа, истражувањето понудило и „лек“ за материјализмот кој е многу поочигледен отколку што мислите.rn

Тајната за одгледување дете што не е материјалист

rnМатеријализмот е однесување каде што личноста ги смета материјалните нешта за поважни од оние неопипливите, како духовните вредности. Ова е систем на верување во кој личноста ја бара среќата во физичката удобност, нешто што носи само кратка и привремена радост.rnrnКога личноста бара надворешни работи за да ја задоволи својата желба за среќа, заглавува во циклус на постојано барање и сакање и никогаш не е вистински среќна и исполнета. Истражувањето открило едноставна психолошка промена со која може да се „надмине“ материјализмот.rnrnИстражувачите проучувале над 100 адолесценти на возраст од 11 до 17 години. Ги замолиле да изведат неколку вежби дизајнирани со цел да се одреди колкава вредност им придавале на материјалните нешта и колку биле задоволни со она што го имаат.rnrnИстражувањето нашло директна поврзаност помеѓу оние кои биле поблагодарни и намаленото присуство на материјализам. Односно, испитаниците кои биле благодарни за она што го имаат, поретко биле материјалисти.rn

Како да му помогнете на детето да развие благодарност?

rnСо благодарноста вие го цените она што го имате. Во овој случај важи сосема спротивното од материјализмот – среќни сте со она што го имате наместо постојано да чувствувате желба за повеќе.rnrnИзминатава деценија благодарноста била забележана како една од најмоќните одлики кај луѓето од страна на психолозите и не е само алатка против материјализмот, туку нуди многу повеќе.rnrnПа, како да му помогнете на вашето дете да развие чувство на благодарност? Навистина е едноставно, но потребен е постојан труд од ваша страна со цел да го охрабрите детето да не се откажува.rnrnИспитаниците од истражувањето кои користеле дневник за благодарност имале најдобри резултати. Па, замолете го детето секој ден да запишува по 3 едноставни работи за кои е благодарно. Водењето дневник за благодарност е навистина едноставно и лесно, но може да биде навистина моќно ако ви стане навика.rnrnПогледнете ги и советите кои ќе ви помогнат да воспитате примерно дете.