КАФЕ ПАУЗА

Како да „преживеете“ ноќно возење со автобус?

Како да преживеете ноќно возење со автобус

Written by

in

,

Ноќното патување со автобус може да биде големо искушение за оние на кои им е неопходен барем малку комфор за добро да се одморат. Тоа во никој случај не може да биде удобно, но ако ги следите овие неколку совети искуството нема да биде многу непријатно.rnrnКако да преживеете ноќно возење со автобусrn

Каде да седнете?

rnНепријатните дупки на патот можат да ви го расипат сонот, па затоа обидете се да најдете место за седење некаде над тркалата на автобусот поради тоа што тие барем малку ќе го амортизираат ударот. Треба да внимавате и на патниците кои се движат низ автобусот во никое време, додека другите се обидуваат да заспијат. Нивните потчукнувања ќе ги избегнете со седнување некаде поназад, каде што фреквентноста е помала.rnrnrn

Облека

rnНајдобро е да се облечете во слоеви, затоа што така ќе можете постојано да се приспособувате на температурата. Возачите понекогаш знаат да ја вклучат климата на максимум и да ве смрзнат, а понекогаш ќе треба да се справувате со високи температури и потење. За вториот случај, имајте при рака резервна маица за да се пресоблечете кога ќе се испотите.rnrnrn

Храна

rnНеколкучасовен глад може патувањето да ви го направи многу непријатно. Не знаете секогаш кога возачот ќе застане да направи пауза и затоа понесете си храна за моментите кога ќе огладнете. Сендвичите со храна која не се расипува брзо се одлична опција, а покрај нив добро е да си понесете и јаткасто и сушено овошје. Тие содржат доволно масти и диетални влакна кои ќе ве држат сити подолго време. И секако, задолжително е кај себе да имате многу вода. Избегнувајте ги газираните сокови богати со шеќер затоа што само ќе ви предизвикаат подуеност и ќе ве тераат да пиете уште повеќе вода.rnrnКако да преживеете ноќно возење со автобусrn

Занимација

rnПат од дванаесет часа може да изгледа како да е многу подолг кога сте оставени сами со своите мисли. Ќе поминете убаво ако до вас имате пријател со кого можете долго да разговарате, но ако сте сами задолжително земете со себе некаков уред за слушање музика или нешто за читање, ако тоа го дозволуваат условите во автобусот. Ако батеријата на лаптопот издржува доволно време, можете да погледнете и некој филм.rnrnrn

Спиење

rnСпиењето во никој случај нема да биде удобно, но ако се потрудите да откриете која е најмалку лошата позиција за вашиот грб, шансите за успешно „преживување“ на возењето значително се зголемуваат.rnrnИмате повеќе опции:rn

    rn011

  • Седечка положба – Седнувате на седиштето, со исправена глава и колку што може поиспружени нозе;
  • rn011

  • Школка – Пуштете го седиштето назад најмногу што може, а потоа навалете се на едната страна и сместете ги нозете на седиштето.
  • rn011

  • Потпрени на соседното седиште – Ако вашето седиште е поспуштено од соседното, употребете го како потпирач за главата. Ќе почувствувате мала болка од секоја дупка на патот, но тоа можете да го амортизирате со поставување на перниче, ќебе или нешто слично.
  • rn011

  • Положба на фетус – Свиткајте ги нозете и потпрете ги на седиштето пред вас. Внимавајте само оној кој седи на тоа седиште да не го повлече напред, па да паднете.
  • rn

rnДобро е да имате при рака и тампони за уши за колку-толку да не ги слушате другите патници додека разговараат, ‘рчат или тропаат, како и маска за очите која ќе спречи светлината да дојде до вашите очи кога ќе изгрее сонцето.rnrnrn

Паузи

rnПрашајте го возачот колку често ќе правите паузи. Тие најчесто застануваат по точно определен временски интервал, па така ќе знаете за колку време ќе можете да купите нешто за јадење ако не сте понеле со себе или кога конечно ќе го посетите тоалетот.rnrnrn

Кога ќе стигнете?

rnПрво што морате да направите кога ќе стигнете е добро да се истегнете. Проверете дали ви фали нешто од она што сте го понеле со себе и продолжете каде што сте тргнале. Вие успешно сте го преживеале ноќното патување со автобус.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. Љ