Пријатен интимен дом опколен со неверојатна природа

Сподели

Овој дом е изработен од дизајнерската куќа „Herbst Architects“, а неговите сопственици имаат неверојатна можност да уживаат во прекрасната природа и интимниот амбиент. Таа се наоѓа во близина на една дива плажа, недалеку од Окленд, Нов Зеланд, а е опколена со дрвја од видот Похутукава, кој е познат како Новозеландско Божиќно дрво.

Реклама

Куќата е на два ката, а е безмалку целосно изградена од дрво и стакло, од подот до плафонот, правејќи ја природата главен елемент во нејзиниот дизајн. Од далеку таа личи како да е дел од нејзината околина. Нејзиниот ентериер е прекрасен и релаксирачки, создавајќи пријатна атмосфера, а приватните места во куќата се дискретно одделени. Сè на сè, одлично архитектонско решение за поголемо уживање и бескрајни топли мигови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира