Кога едно семејство е научено да има два прихода, а потоа ќе остане без едниот, тоа може да биде голем шок. Сепак, возможно е да се живее удобно и со приходот на едниот брачен партнер, но потребно е да знаете како да управувате со вашите финансии. Не задолжувајте се дополнително, не купувајте работи кои не ви се неопходни и контролирајте го секој потрошен денар. Во продолжение погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат да ги надминете кризните финансиски времиња.
rn
1. Намалете ја вашата потрошувачка
rnЕден од првите чекори што треба да ги преземете е да ја намалите вашата потрошувачка. Погледнете ги дневните навики за трошење и видете што од тоа можете да отстраните. Со тоа што ќе станете повеќе свесни за вашите купувања и трошења, вие ќе имате подобри финансиски навики.rn
2. Планирајте го буџетот
rnОткако ќе знаете кои навики за трошење треба да ги отстраните од вашата листа, сега е време да одлучите колку пари ќе одвоите за секоја активност. Најдете време да создадете нов буџет, прилагоден на моменталната ситуација. Со ова вие ќе имате можност подетално да разберете каде ги трошите вашите пари и колку можете да си дозволите. Ова е добро за секого, а особено за семејствата кои имаат ограничени приходи. Запишете ги одредените категории, определете колку пари сте во можност да потрошите и држете се до тоа. Добрата организација ви е многу потребна во ваквите моменти.rn
3. Дополнителен приход
rnДодека вашиот партнер пронајде стабилно работно место, потребно е да барате алтернативни начини за да го дополните вашиот семеен приход. На пример, може да пронајде работа со скратено работно време или да се занимава со нешто друго што е извор на финансии.rn
4. Почитувајте се еден со друг
rnПреминувањето кон само еден приход во семејството може да биде стресно и за двајцата партнери, а тогаш најверојатно почесто и ќе се карате. Но, многу е важно во ваквите моменти вие да си бидете поддршка еден со друг и да не се осудувате. Разговарајте смирено и заеднички планирајте ги трошењата.

