Фитнесот ми е најголемата страст: Марина Милановска ќе ве инспирира веднаш да почнете со вежбање!
Марина Милановска е духовита, комуникативна, дружељубива и силна личност, секогаш спремна за предизвици и за патувања. Таа е дипломиран педагог и поранешен репрезентативец во стрелаштво. Деновите ѝ се исполнети со хобија како кик-бокс, спортско качување, фотографирање природа и читање книги. Голем љубител е на тетоважи, палачинки, животни и спортска облека. Па, ако ви треба малку фитнес инспирација, оваа инстаграмџика може многу да ви помогне!
View this post on Instagram
1. Кога почна со вежбање во теретана и како настана идејата да се впуштиш во бодибилдерство?
Започнав да се занимавам со улична гимнастика на 19 години. 2 години потоа одлучив да влезам во фитнес светот и почнав да вежбам во теретана затоа што забележав видливи физички резултати уште со уличната гимнастика, кои многу ми се допаднаа. Во комбинација со добрата исхрана, забележав и подобрување на здравјето, па оттаму продолжив да се надградувам и да напредувам. Така фитнесот ми стана начин на живот.
View this post on Instagram
2. Бодибилдерството е одамна познато како „машки“ спорт. Како жена, дали се соочуваш со предрасуди и други видови проблеми во овој свет и што правиш за полесно да ги надминеш?
Се соочувам и со позитивни и со негативни критики, кои целосно ги прифаќам, и тоа воопшто не ме спречува да ја следам и понатаму страста кон фитнесот. Се движам по природен пат кој мене најмногу ми се допаѓа и уживам во него.
View this post on Instagram
3. Кои се според тебе најголемите придобивки од овој вид вежбање?
Најголемите придобивки од вежбањето во теретана се подобра психофизичка функција, флексибилност, кондиција, сила и издржливост кои влијаат на сите области во животот, и кои можат многу да ви помогнат и надвор од теретана.
View this post on Instagram
4. Покрај вежбањето, колку е важна исхраната за да се „изгради“ телото од нашите соништа? Дали следиш некој режим на исхрана што би им го препорачала и на нашите читатели?
Исхраната е на прво место за да се изгради тело според предвидената цел. Диетата се одредува според потребите на човекот и според неговата здравствена состојба. Јас лично внимавам многу на мојата исхрана, којашто се базира на протеини и здрави масти, и која ја менувам во зависност од годишната сезона. Исто така препорачувам да се врши детоксикација во секоја нова годишна сезона, за да се исфрлат сите токсини од организмот. Останато е индивидуално.
View this post on Instagram
5. Многумина имаат желба за вежбање, но едноставно не можат да најдат мотивација за да издржат доволно долго за вежбањето да им премине во навика. Како ти наоѓаш мотивација за вежбање и каков совет би им дала на младите момци и девојки што се борат со овој проблем?
Видео мотивацијата не успева секогаш кај луѓето. Најдобар начин е да се има персонален тренер покрај себе за да се достигне целта и да се продолжи понатаму кон нови цели. Јас ја црпам мојата мотивација од страста за вежбањето, но и од работата како персонален тренер – резултатите на моите клиенти ме исполнуваат и ме радуваат.
View this post on Instagram
6. Имаш ли омилени фитнес инструктори и фитнес модели на Инстаграм?
Нема да згрешите ако ги заследите овие инстаграмџии: Zuzana Majorová, Marina Krause, Andreia Brazier, Cassandra Martin, Chad Nutsch, Jeremy Buendia, Ryan Terry.
View this post on Instagram
7. И за крај, би сакала ли да споделиш со нашите читатели кратка комбинација од вежби за целото тело, што би можеле да ги прават и во удобноста на својот дом.
Сè во вашиот дом може да ви послужи како алатка или направа за вежбање. Можете дури да ги искористите и скалите или да земете ластик/тег за изведување вежби за бицепс, трицепс, подлактица и рамо. Едноставно треба да бидете креативни. Што се однесува до самите вежби, најдобрата комбинација што можете да ја направите во вашиот дом, за најголем ефект е: чучњеви, расчекор и склекови.
View this post on Instagram
Прочитајте го и нашиот разговор со Жарко Батиќ: Кросфитот го подобрува начинот на живот – доброто тело е само бонус!