Иако можеби е рано да правите листа со новогодишни одлуки, сигурно веќе мечтаете за местата што сакате да ги посетите. Доколку навистина сакате да посетите нешто необично и не толку познато, погледнете ги овие 10 неверојатни региони ширум светот.rn
1. Пиемонт, Италија
rn
rnrnОва место во североисточна Италија е прекрасно, но не секогаш знае како да привлече посетители. Овде ќе најдете многу современа уметност, концерти со електронска музика, автопортрет на Леонардо да Винчи и неверојатни алпски патеки за планинарење. По пат ќе сретнете села кои нудат некои од најдобрите вина и тартуфи во Италија.rn
2. Кетскилс, САД
rn
rnrnПред 50 години во срцето на Кетскилс се одржал Вудсток, фестивал што дефинира цела генерација. Иако можеби децата на цвеќето веќе имаат нивни внуци, слободниот дух преовладува во овој реон. Овде има одлични ресторани, пивници и многу концерти. Ако сакате да бидете дел од историјата, во август 2019-та година ќе се одржи 50-тата годишнина на Вудсток.rn
3. Северен Перу
rn
rnrnОвој дел од Перу е дом на некои од најстарите култури на континентот и некои од најдивите пејзажи во светот. Токму овој дел ја прави Јужна Америка спектакуларна. Поради зголемениот интерес, подобрена е инфраструктурата на целиот север, а летовите од Лима кон север се зачестени.rn
4. Црвениот центар, Австралија
rn
rnrnОвде се наоѓа најголемото чудо на државата – Улуру. Во 2019-та година ова место ќе биде затворено за планинари, речиси 150 години откако авантуристите ја освоиле карпата. Наместо тоа, посетителите ќе бидат освоени од неверојатната природа и култура.rn
5. Шкотските планини и острови
rn
rnrnВо овој предел вискито има историја долга илјадници години. Само изминативе две години во Шкотска се отворени 20 нови дестилерии, a се очекуваат уште толку до 2020-та година. Овде ќе научите за производството на виски и неговите вкусови, но ќе сведочите и на најмалку населениот дел од Европа.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
