Потонувањето на Титаник е можеби најпознатиот бродолом на сите времиња. Познат по големината и брзината, во тој период Титаник бил најголемиот брод и наводно не можел да потоне. Но неговата судбина била трагична и не го завршил ни своето прво патување од Саутхемптон до Њујорк.rnrn
rnrnНа 15-ти април 1912-та година, Титаник потонал по судир со леден брег. Од 2.224-те патници, загинале над 1.500 со тоа станувајќи и една од најсмртоносните катастрофи во вода.rnrnТитаник ги воодушевувал сите со неговиот дизајн, технологија и големина. Неверојатниот број на детали можат да се видат и денес на потонатиот брод. Се зборувало дека Титаник е брод невиден досега. Затоа и неговото потонување продолжува да си игра со човечката имагинација.rnrn
rnrnПа ако отсекогаш сте се прашувале како би изгледало патувањето на Титаник, конечно ќе можете да го направите тоа со Титаник II.rnrnКонструкцијата била направена според оригиналниот брод и изгледа ова ќе биде неверојатна комбинација на денешната технологија и стариот дизајн. Изградбата започнала во 2012-та година, но била прекината поради финансиски проблеми. Бидејќи се најдени нови спонзори, сега се очекува Титаник II да заплови во 2022-та година и да го заврши патувањето на неговиот претходник. Иако се направени неколку прилагодувања со цел да се надградат технологијата, безбедноста и структурата, Титаник II ќе наликува на оригиналниот брод што е можно повеќе.rnrn
rnrnБродот ќе биде со должина од 270 метри и ќе има простор за 2.435 патници и екипаж од 427 луѓе. Како и оригиналот, и овој брод ќе има сместување за прва, втора и трета класа со различна цена. Ќе има простории за пушење, кафетерии, ресторани, место за шопинг, казино, театар, па дури и болница.rnrn
rnrnОџаците на бродот се малку надградени и сега на нив има платформа за набљудување и опрема за навигација. Ако ви е страв од повторување на оригиналниот настан каде што немало доволно чамци за спасување, немојте да се грижите. Овој пат на бродот се наоѓаат 18 моторни чамци за спасување и се сокриени. Секој чамец има капацитет од 250 луѓе, многу повеќе од луѓето што ги собира на бродот.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=102&v=QhRPvYbNDNErnrnБез разлика дали сакате да го искусите старото или да пробате нешто ново, наскоро ќе можете да запловите со еден од најубавите бродови на сите времиња.rnrnДознајте нешто повеќе за вистинските причини за потонувањето на Титаник.
Титаник II ќе заплови во 2022-ра година, следејќи ја истата рута како својот претходник
