­
3-те лоши навики од кои се откажале Марк Кубан, Елон Маск и Бил Гејтс пред да станат успешни

3-те лоши навики од кои се откажале Марк Кубан, Елон Маск и Бил Гејтс пред да станат успешни

Според експертите, постојат навистина лоши навики од кои би требало да се откажете доколку сакате да станете успешни. Ова се навики кои ги имале и некои од најуспешните луѓе, но ја сфатиле штетата што ја предизвикуваат и успешно се ослободиле од нив. Погледнете за кои станува збор.

1. Престанете да одолговлекувате

Сите сме виновни за одолговлекување на некоја задача што не сакаме да ја завршиме. Истото го правел и Бил Гејтс додека бил млад. Додека студирал на Харвард, постојано ги одолговлекувал работите. Дури изјавил дека бил познат како „момчето што не правело ништо до последната минута“.

Но, се соочил со реалноста кога влегол во светот на бизнисот и кога сфатил дека крајните рокови се навистина важни. Тој изјавил дека никој не го ценел поради неговото одолговлекување, па решил да се ослободи од оваа навика, станал поорганизиран и секогаш ги завршувал обврските навреме.

2. Ослободете се од зависноста од кофеин

Многу луѓе зависат од нивната доза кофеин за да го преживеат денот. Елон Маск има изјавено дека работел и до 120 часа неделно, а недостатокот од спиење го надополнувал со кофеин.

„Имаше периоди кога пиев 8 лименки Кока-кола на ден или нешто слично. Денес овој број е намален на една или две.“

Елон имал вистински проблем со зависноста од кафе. Толку многу претерувал со овој пијалак што дури и се однесувал чудно. Премногу кофеин е навистина лошо за вашето тело и само го зголемува стресот и анксиозноста. Обидете се да го замените кафето со повеќе вода.

3. Лоша комуникација

Викањето не е добар начин да ја објасните вашата поента, а Марк Кубан често имал проблеми со неговиот темперамент. Тој изјавил дека редовно му викал на неговиот партнер Мартин Вудал.

„Се полудувавме. Постојано ми викаше за тоа колку сум несмасен, а јас пак му викав бидејќи испушташе навистина големи можности.“

Со текот на времето Марк сфатил дека викањето предизвикувало повеќе штета отколку корист.

„Тоа само го зголемува стресот. Кога го зголемувате стресот, вашата и продуктивноста на луѓето околу вас значително се намалува.“

Дознајте и кои се стратегиите за успех на ментално силните луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар