На сите нам ни е добро познато дека ѓумбирот содржи моќни лековити својства. Досега биле направени многу истражувања за да се открие дали и како ѓумбирот влијае врз здравјето на луѓето. Сепак, тоа не значи дека неговата репутација како „лек за сè“ е сто проценти точна. Во продолжение прочитајте за ефектите на ова растение врз организмот.rnrn
rn
Зошто ѓумбирот е одлична состојка?
rnБез разлика дали ѓумбирот го консумирате свеж или како сув зачин во јадењата, ви помага да внесете многу антиоксиданси во вашиот организам. Од друга страна, ѓумбирот не содржи многу витамини и минерали. Повеќето од неговите хранливи состојки произлегуваат од биоактивното соединение наречено џинџерол. Истражувањата покажале дека џинџеролот може да го заштити организмот благодарение на антиканцерогените, антиинфламаторните и антиоксидантните својства. Покрај џинџеролот, коренот од ѓумбир содржи и други биоактивни соединенија како:rn
- rn 011
- Парадол
- Шогаол
- Цингерон
- Флавоноиди
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Кои се здравствените придобивки од консумирањето ѓумбир?
rn
1. Помага при дигестивни проблеми
rnИстражувањата покажале дека оваа суперхрана е совршен природен лек за намалување на гадењето и повраќањето предизвикано од хемотерапија. Било откриено и дека ѓумбирот може да биде особено корисен при утринските мачнини, својствени за бременоста. Ѓумбирот може да биде од голема помош и за варењето на храната.rn
2. Делува антиинфламаторно
rnИако воспалението може да делува како оружје на вашето тело во борбата против надворешните закани, сепак, хроничното воспаление најчесто доведува до висок крвен притисок, срцеви заболувања и предвремено стареење. Постојат докази дека ѓумбирот помага врз смирување на воспалението кај луѓето со остеоартритис, но потребни се повеќе истражувања за да се утврди колкава количина треба да се консумира на дневна основа за да се намали воспалението.rn
3. Поволно делува врз срцето
rnЕдно истражување покажало дека колку повеќе се консумира ѓумбир секој ден, толку е помал ризикот од појава на висок крвен притисок или срцеви заболувања.rn
4. Изобилува со антиоксиданси
rnКоренот од ѓумбир е полн со антиоксиданси кои се борат против слободните радикали. Од друга страна пак, антиоксидансите делуваат на начин што ги спречуваат слободните радикали да предизвикаат оксидативен стрес кој ги уништува клетките. Ова се манифестира преку појавата на рак, предвремено стареење срцеви заболувања како и невродегенеративни болести.rn
5. Може да помогне при слабеење
rnСекојдневното консумирање ѓумбир може да доведе до:rn
- rn 011
- Намалување на холестеролот
- Намалување на нивото на инсулин
- Мал позитивен ефект врз слабеењето
- Намалување на телесните масти
- Намалување на нивото на липидите и отпорноста на инсулин кај луѓе со дијабетес тип 2, висок крвен притисок и покачена телесна тежина
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnСекако, покрај ѓумбир, за слабеење е важно да не се занемари и правилната диета како и вежбањето.rn
Дали има несакани ефекти од прекумерното консумирање ѓумбир?
rnДа. Генерално, ѓумбирот се смета за безбедна состојка, но големите дози можат да доведат до несакани ефекти како:rn
- rn 011
- Киселини во стомак
- Дијареја
- Иритација на грлото или устата
rn 011
rn 011
rn
rnСекогаш консултирајте се со вашиот лекар пред да консумирате додатоци од ѓумбир. Сепак, доколку го користите секојдневно како зачин во вашите закуски и оброци, нема да предизвика непријатни ефекти.rnrnОткако прочитавте за лековитите својства на ѓумбирот, ви предлагаме да прочитате и како да направите млеко со ѓумбир за зима без настинки.rnrnИзвор: greatist.com