8 работи што можете да ги научите за некого од само еден бакнеж

8 работи што можете да ги научите за некого од само еден бакнеж

Според некои истражувања, просечната жена бакнува 15 мажи, има 2 долги врски и е оставена барем 2 пати пред да го запознае „вистинскиот“ и да се омажи. Првиот бакнеж ви нуди увид во идната врска бидејќи открива многу повеќе за партнерот отколку што мислите. Погледнете ги 8-те нешта што можете да ги научите за новиот партнер по само еден бакнеж.

8 работи што можете да ги научите за некого од само еден бакнеж

1. Дали има хемија помеѓу вас?

Хемијата не може да се објасни со зборови. Тоа е нешто што се чувствува. Дали откако ќе започне бакнежот сакате да трае засекогаш или едвај чекате да заврши? Дури и ако партнерот не е најдобриот бакнувач, ако чувствувате силна поврзаност – тоа е добар знак. Но ако се чувствувате разочарано и нема никаква искра, тоа најверојатно нема да се промени. Хемијата не доаѓа и не си оди, таа треба да биде присутна уште од самиот почеток.

2. Дали партнерот е добар во кревет?

Голем дел од техниките што се употребуваат за првиот бакнеж, подоцна се употребуваат и во креветот, па лесно ќе откриете дали сексот ќе биде добар. Треба да обрнете внимание на усните, но обрнете внимание и на рацете на партнерот, како ги движи и кои делови од телото ви ги допира. Допирањето само ја зголемува поврзаноста помеѓу вас. Ако партнерот го вклучува целото тело во бакнежот, веројатно истото ќе се случува и во спалната соба.

3. Дали партнерот има самодоверба?

Начинот на кој партнерот му пристапува на првиот бакнеж може да открие многу за неговата самодоверба. Дали партнерот нервозно си игра со клучевите пред да ве бакне? Дали ве присилува да го бакнете? Дали вашата девојка ги става рацете околу вашиот врат? Личноста со самодоверба знае што прави. Па ако и вие и партнерот чувствувате самодоверба додека се бакнувате, веројатно тоа е врската којашто ја барате. Друг знак за самодоверба е ако партнерот не се плаши да ви даде комплимент во врска со бакнежот. Ако сака да ви ги покаже емоциите по првиот бакнеж, најверојатно нема да крие ништо од вас ни во иднина.

4. Дали партнерот се грижи за себе?

Иако звучи очигледно, речиси никој не обрнува внимание на хигиената на партнерот за време на првиот бакнеж. Но, тоа може да открие многу за неговиот став кон вас. Дали му е свеж здивот? Дали носи парфем? Дали се туширал пред да се сретнете? Ако одговорите се да, вашиот партнер навистина се грижи за вашето мислење. Во спротивно, немојте да живеете во илузија дека тоа се случило само еднаш. Дури и ако не планирал да ве бакне, партнерот треба да ги следи правилата за лична хигиена. Па ако не ги измил забите, веројатно нема да се грижи за тоа ни за идните бакнежи.

5. Дали слуша?

Додека се бакнувате, не можете да објаснувате со зборови што сакате. Па, овде најголема улога има говорот на телото. Важно е да забележите дали партнерот може да ве следи. Ако направи нешто, а вие покажете дека не ви се допаѓа, тој би требало да престане и да се прилагоди на вашиот ритам. Со секое бакнување испраќаме дузина микро-сигнали со кои ѝ покажуваме на личноста дали да продолжи или да се повлече. Ако партнерот ги сфаќа вашите сигнали, тоа е добар знак. Тоа значи дека обрнува внимание на вашите потреби и подготвен е да направи некои жртви за вашата врска.

6. Колку сериозна ќе биде врската?

Очигледно, ако некој ве бакне, ви покажува дека го привлекувате. Но не секој бакнеж е знак за сериозни намери. Само затоа што го привлекувате партнерот не значи и дека е заинтересиран за сериозна врска. На пример, дали станувало збор само за прв бакнеж или и за прв допир? Дали партнерот уживал во бакнежот или ви изгледало како да му се брза? Не заборавајте ги и вашите чувства. Дали по бакнежот сте сакале уште? Дали ја замисливте вашата заедничка иднина или не можете да ја замислите со таа личност?

7. Дали партнерот брза?

Првиот бакнеж ќе ви покаже и дали ќе чувствувате притисок од партнерот. Ако сте забележале дека претерал со допирањето или се обидел да ве соблече, можеби само сака да спие со вас. Кога партнерот не го разбира вашиот говор на телото и ве притиска да направите нешто што очигледно не сакате, ова е знак за навистина лош почеток. Очигледно оваа личност не знае за трпеливост и не може да ужива во моментот.

8. Дали партнерот ве цени?

Начинот на кој ве третира партнерот по првиот бакнеж може да ви помогне да го дефинирате неговиот однос кон вас. Само забележете ја неговата реакција. Дали изгледал среќно по бакнежот? Дали се насмевнал? Дали сака нешто повеќе? Позитивните одговори на овие прашања се знак дека партнерот е навистина среќен што е со вас. Најверојатно сте нашле личност која ве почитува и која го цени секој момент поминат со вас.

Погледнете и кои се 4-те видови бакнежи кои морате да ги совладате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар