КАФЕ ПАУЗА

4 видови бакнежи кои мора да ги совладате во животот

Во машко-женските љубовни односи, сѐ започнува со бакнувањето, па затоа треба да му се даде големо значење на овој акт. Можете да замислите врска во која нема бакнување? Тој сладок интимен момент дефинитивно е една од најважните алки во врските, како на почетокот во процесот на запознавање и забавување, така и потоа за одржување на врската и љубовта воопшто.rnrn4-vidovi-baknezhi-koi-mora-da-gi-sovladate-vo-zhivotot-kafepauza.mkrnrnБез разлика дали сте личност која сака повеќе или помалку да се бакнува, постојат неколку видови бакнежи кои мора да ги совладате во животот бидејќи без нив дефинитивно не би можеле нормално да функционирате.rn

Првиот бакнеж

rnОној најслаткиот, но и најнезгодниот. Премногу јазик, премалку јазик, несинхронизиран ритам… Понекогаш самиот страв од него создава трема која може да го уништи целиот момент. Наш совет е само да се опуштите. Само затоа што вам ви изгледа како да правите нешто погрешно, не значи дека тоа е навистина така. Ви гарантираме дека и личноста со која се бакнувате во моментот се чувствува исто.rn

Бакнеж во јавност

rnПостојат парови кои едноставно не знаат дека можат да се бакнуваат во јавност исто како што тоа го прават помеѓу 4 ѕида. Бакнежот во јавност може да биде страстен, но воедно и премногу „вкусен“ за туѓите очи. Во превод, ако случајните минувачи имаат чувство како да упаднале во еротски филм бидејќи гледаат јазици на сите страни, веројатно тоа го правите премногу страсно. Јавниот бакнеж, сепак, е малку посрамежлив од оној кој го практикувате дома.rn

Бакнеж пред родителите

rnВо овој случај дефинитивно важи правилото повеќе е помалку. Секако дека и вашите и родителите на вашиот партнер знаат дека вие се бакнувате, но тоа не значи дека мора да присуствуваат на 10-минутна размена на страсти, плунка и воздишки. Пред родителите бидете минималисти во бакнувањето, не затоа што треба нешто да глумите, туку затоа што едноставно така е пристојно.rn

Милионитиот бакнеж

rnКога некој пар е долго време заедно, бакнежите често паѓаат во втор план, што секако дека не е добро. Очекувано е милионитиот бакнеж да не биде ист како првиот, но мора да ја задржите навиката да се бакнувате, бидејќи бакнежите ги зближуваат луѓето. Ако заборавите да се бакнувате, ќе ги изгубите и пеперутките во стомакот, кои одвреме-навреме, е добро да ги имате.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.