Колку сте поневеројатни, толку е потешко да пронајдете љубов
Можеби мислите дека е лесно да најдете партнер ако сте неверојатна личност, но вистината често е спротивна. Иако звучи чудно, погледнете зошто неверојатните жени најчесто го минуваат времето сами.
1. Спротивниот пол често смета дека сте надвор од нивна лига
Ако сте одлични за врска, другите ќе го знаат тоа. Но наместо да се обидуваат да ве освојат, многу мажи воопшто нема да се обидат да направат нешто. Причината не е тоа што мислат дека не сте доволно добри, туку тоа што мислат дека сте толку чудесни што никогаш нема ни да помислите на нив како партнер.
2. Имате многу добри квалитети
Неверојатните жени често се комбинација од многу работи, а за некои мажи тоа едноставно е премногу. Вие имате толку многу квалитети и таленти што мажите едноставно се заслепени од вас и не знаат дали ќе можат да издржат.
3. Не се помирувате со просечност
Дефинитивно можете уште веднаш да најдете партнер доколку ги намалите вашите очекувања, но сепак да ги задржите високите стандарди. Вие сте доволно добри и заслужувате маж од вашите соништа, а доволно сте паметни да знаете и дека помирувањето со што било помалку е лошо за вас. За жал, ова често значи дека долго ќе чекате.
4. Вашата самодоверба е застрашувачка
Вие не сте полни со себе, но знаете дека сте одлични. Минувате низ животот со мислењето дека никој и ништо нема да ве порази или да направи да се чувствувате инфериорно, но ова може да ги исплаши мажите. Добрата вест е што сигурно не сакате маж кој не може да се справи со силна жена.
5. Не ви е страв да бидете сами
Неверојатните жени знаат цврсто да стојат на нивните нозе. Можеби се надевате дека еден ден ќе го најдете вистинскиот, но дотогаш можете да се грижите за себе. Иако поради тоа ви е полесно да бидете сами, истовремено ви е и потешко да ја пронајдете љубовта на вашиот живот.
6. Знаете што сакате
Неверојатните жени знаат што сакаат од животот и љубовта. Можеби мислите дека тоа ќе ви помогне полесно да го најдете вистинскиот, но всушност ова ви ги отежнува работите. Понекогаш сте толку посветени на вашите идеи и замисли што ги испуштате потенцијално добрите мажи кои имаат некој недостаток. Не мора да ги намалувате вашите стандарди, но понекогаш е добро да имате отворен ум.
7. Привлекувате погрешни мажи
Кога сте неверојатни, многу мажи ќе ве гледаат како совршена партнерка. Проблемот е што не сите се она што сакате да го привлечете. Иако постојат и неверојатни мажи кои ќе излегуваат со вас, има и многу лоши комбинации во оваа група. Понекогаш тоа ќе го сфатите премногу доцна.
8. Навидум имате бескрајно трпение
Штом ќе започнете врска, вашата добрина е она што ја одржува врската. Вашето трпение е дел од она што ве прави неверојатна личност, но понекогаш може да претставува и проблем. Сигурно сте се нашле во неколку ситуации кога партнерот направил грешка, но вие сте му дале втора, трета, па дури и четврта шанса. Не дека сте се помириле со тоа, туку едноставно знаете дека луѓето грешат. Проблемот се појавува кога ги толерирате погрешните мажи подолго отколку што треба.
9. Секогаш сте зафатени
Вие не сте личност која седи дома и чека мажот од соништата да ѝ затропа на врата. Имате ваша кариера, хобија и социјален живот. Вашиот распоред обично е полн, па ова не остава време за излегување со нови луѓе. Понекогаш сте неодлучни за тоа дали сте подготвени да додадете нова личност во целата мешавина.
10. Очекувате толку колку што давате
Вие сте навистина дарежливи во секој аспект од животот, но не сите се дарежливи кога станува збор за врските. Додека вие сакате да ја усреќите личноста со којашто сте во врска, сакате истото да го прават и за вас. Кога сте неверојатни како што сте, тоа може да биде тешка задача. На крај ќе најдете маж што ве заслужува, но тоа може да потрае малку подолго за некој прекрасен како вие.
Дали знаете зошто силните жени остануваат во погрешни љубовни врски?