3-те хороскопски знаци што преферираат утрински секс
Кое е вашето омилено време од денот (или ноќта) за секс? Дали сакате да го завршите долгиот, тежок ден со страсно љубење? Дали не се грижите за времето, туку едноставно им се препуштате на потребите и на желбите? Или пак, можеби, сте ранобудници што сакаат да го започнат денот со секс? Ако се пронајдовте во третата опција, тогаш најверојатно сте еден од хороскопските знаци што преферираат утрински секс. Затоа што, зарем има нешто подобро од пиење на утринското кафе после оргазам?
1. Овен
Овните се познати по својот ентузијастичен и енергетски дух, и едноставно не можете да бидете таква личност ако не сте ранобудници што едвај чекаат да ги отворат очите и да го почнат денот. Зошто да спиете, кога можете да бидете будни, и зошто само да лежите во кревет, кога можете да имате секс со партнерот? За нив, тоа е најдобриот начин за започнување на денот. Од друга страна пак, Овните имаат моќен сексуален апетит и обожаваат да имаат секс секогаш кога желбата ќе им се појави, па затоа се и познати по сексот во јавност.
2. Бик
За топлите и емоционални Бикови, утринскиот секс е нешто што природно се случува – постојано. Тоа е така затоа што овој знак што е под водство на Венера, едноставно сака да биде што е можно поблиску до саканиот или саканата, од моментот штом ќе се разбуди. Тие живеат за физички допири, за оние утрински прегратки што почнуваат невино, но преминуваат во страсно водење љубов. Биковите едноставно сакаат да се чувствуваат поврзано со партнерот, па ако тоа значи секс дури и пред алармот, нема да се побунат.
3. Јарец
Како и повеќето нешта со овој знак, сè се сведува на амбицијата и вложување максимален труд за добивање најдобра функционалност. Ова можеби не звучи како секси причина за утринско љубење, но не заборавајте дека Јарците се во најдоброто светло од сабајле. Тие го гледаат секое утро како нова можност за освојување на светот и остварување на сите свои цели. Со истата енергија се вложуваат и во љубовта. Од друга страна пак, после толку многу обврски, Јарецот е преморен навечер, па последното нешто што сака да го прави пред спиење е сексот.
Погледнете ги и овие 3 дополнителни утрински навики кои ќе ви го разубават денот.