Ова се тајните на добрите љубовнички

Сподели

Не можете да очекувате тој да прави сè за вас, како што не може ни тој да очекува сè од вас. Потребно е да најдете златна средина, и двајцата подеднакво да вложувате за и двајцата да бидете задоволни. Па, ако сакате да се покажете во најдобро светло, еве кои се тајните на добрите љубовници.

Реклама

rn

1. Иницираат секс

rnМажите често се жалат дека девојките никогаш не иницираат секс, па токму тоа и може да доведе до проблеми во врската. Ако постојано оставате на него да биде одговорен за започнувањето акција, тој може да почне да размислува дека имате секс само за да го задоволите него.rn

2. Не осудуваат

rnМажите не сакаат кога жените за секоја нова идеја во креветот ги гледаат како чудаци. Тоа не значи дека треба да му ги остварите сите замисли, но наместо да осудувате, треба пристојно да објасните зошто тоа не ви се допаѓа.rn

3. Не се плашат да кажат „не“

rnЖените кои се спремни на сè за да ги задоволат партнерите воопшто не се привлечни. Покажете дека имате сопствен став и слободно кажете „не“ ако вам нешто не ви се допаѓа бидејќи така ќе му бидете уште повеќе секси.rn

4. Сакаат да експериментираат

rnСпиењето со еден партнер до крајот на животот може да звучи застрашувачки, но покажете дека сте спремни за експериментирање, играње и секојдневни мали промени, и сексот нема шанси да ви здодее.rn

5. Кажуваат што сакаат

rnМажите немаат способност да ги читаат мислите и ако нешто од него очекувате, тогаш јасно и гласно кажете. Вие ќе бидете задоволни, а и нему ќе му се допадне тоа што сте презеле иницијатива.rn

6. Се сакаат себеси

rnСекоја жена има проблеми со самодовербата, но креветот не е правилното место за да ги истакнувате своите маани. Ако тој ден не се чувствувате добро, тогаш прескокнете го сексот и обидете се повторно кога ќе бидете самоуверени.

Можеби ќе ве интересира и ова: Чекајте ја ОВАА љубов и ОВАА личност!

Популарно

Може ќе ве интересира