Дали ви се има случено одеднаш да се сетите на нешто од вашето детство и дури сега, како возрасна личност да сфатите дека нешто не било во ред? Понекогаш може да станува збор за невина шега од страна на татко ви, како на пример дека ако јадете семки ќе ви пораснат дрвја во стомакот. Но, понекогаш станува збор за емоционална манипулација или детско малтретирање што ви влијае дури и денес.rnrn
rnrnРастењето во нефункционално семејство може да ве направи нефункционален возрасен. Без разлика колку се обидувате да не ги имитирате вашите родители, постојат работи што го предизвикуваат истото негативно однесување и кај вас.rnrnИстражувањата покажале дека неразрешената траума на личноста може да има негативен ефект на нејзините деца. Повторното создавање на таква токсична средина, особено кога имате деца, е постојан страв со кој не би требало да живеете. Сепак, никогаш нема да се ослободите од овој циклус ако не си признаете дека минатото има влијание на вас. Свесноста е првиот чекор кон лекувањето, па обрнете внимание на овие знаци.rn
1. Премногу се критикувате
rnТоксичните родители се остри со нивните критики, па стравот да не ги разочарате другите речиси никогаш не си оди. Можеби имате превисоки стандарди за себе и понекогаш постигнувате нешто надевајќи се дека ќе го добиете признанието од родителите.rnrnНо, тие никогаш нема да го направат тоа, а тоа е во ред. Вие сте успешна личност и нивното признание не ве довело до овде, па сигурно не ви е потребно за да продолжите да се движите напред.rn
2. Се обвинувате за несреќата на другите
rnАко вашите родители ве обвинувале за нивните гнев и несреќа, постојаното чувство на вина може да остане и кога ќе бидете возрасни. Ако го оправдувате лошото однесување на другите на ваша сметка, тогаш го следите мислењето на родителите – секогаш сте виновни вие. Не сте. Секоја личност е совршено способна да одлучи што ќе направи. Освен ако не можете да контролирате умови, туѓата несреќа не е ваша вина.rn
3. Ги задоволувате другите
rnПостои разлика помеѓу тоа да бидете добра личност и да се обидувате да ги задоволите сите. Кога љубовта и вниманието не биле постојан фактор додека сте растеле, ќе забележите дека премногу трагате по нив како возрасни. На овој начин само ќе се растргнете, ќе се чувствувате виновно, уморно и воглавно несреќно. Никогаш нема да можете да ги задоволите сите. Прво фокусирајте се на вашата среќа.rn
4. Си ги кажувате нивните зборови
rnКога слушате нешто доволно долго тоа останува во вашиот ум и може да се појави кога било понатаму. Ако сте пораснале во токсичен дом, зборовите на коишто се сеќавате се воглавно негативни. Постојаниот циклус од негативни мисли може да ве истроши и да не ви дозволи да се движите напред. Немојте да ги слушате. Не биле во право кога сте биле мали, не се ни сега.rn
Што можете да направите за да го прекинете циклусот?
rnБез разлика каков ви е животот во моментот, можете да се ослободите од овој токсичен циклус. Запомнете дека вие не сте вашите родители ниту треба да бидете. Овие знаци се однесувања што се научени со текот на времето и можеби ќе биде тешко да ги отстраните после толку многу години. Но како и секоја навика, можат да бидат заменети со подобри.rnrnКога ќе забележите дека ги повторувате грубите зборови на вашите родители, веднаш обидете се да ги замените со позитивни. Правете го ова со секоја мисла и однесување додека позитивноста не стане дел од вас.rnrnЗа да се излечите од токсичните родители потребно е време. Но сè додека јасно ја гледате целта, вашето минато ќе има помало влијание на вас и на луѓето околу вас.rnrnПрочитајте нешто повеќе за справувањето со токсичен родител.
