Изминатата деценија Елон Маск стана еден од највлијателните луѓе на 21-виот век. На многу начини му го зема дури и местото на Стив Џобс. Но овде има многу повеќе од неговиот успех, тоа е неговата продуктивност. Елон води неколку милијардерски компании истовремено и не покажува дека планира за забави.rnrn
rnrnПа, што прави еден ваков човек секој ден? Кои се неговите принципи за развој и самоподобрување? Изгледа постои еден главен принцип во процесот на самоподобрување – едноставност.rn
„Ја гледате основата и донесувате заклучок од тоа, па проверувате дали заклучокот работи или не.“ – Елон Макс
rn
1. Разглобување на работите
rnОвој процес вклучува расклопување на кој било систем обидувајќи се да го направи подобар од претходно. Маск е одличен во расклопување на нештата, учење за тоа како работат и нивно одново составување. На овој начин му пристапува на сè во неговиот живот, вклучувајќи го и самоподобрувањето.rnrnКога го прашале како успева да учи толку брзо, тој одговорил:rn
„Важно е да го гледате знаењето како еден вид семантичко дрво – осигурете се дека ги знаете основните принципи т.е. гранките на дрвото пред да навлезете во лисјата/деталите бидејќи нема да има за што да се држат.“
rn
2. Изградете го најдобриот можен систем
rnКога Елон работи на нешто, прво открива како функционира, а потоа истражува дали работи најдобро или не. Ако одговорот е не, тој го променува додека системот не е оптимизиран.rnrnМногумина од нас го следат туѓиот пример, а ова може да биде навистина ефективно, барем на почетокот. Сепак ова може да ве оддалечи од вашиот пат бидејќи постојат неколку претпоставки што ги донесувате додека го правите ова:rn
- rn 011
- Мислите дека вашите карактери и сила се исти
- Мислите дека имате исти ресурси
- Мислите дека вашето опкружување (економија и слично) е доволно за исти резултати
rn 011
rn 011
rn
rnЕлон го избегнува ова со тоа што бара негови заклучоци и се надградува врз основа на фактите. Го опишал овој процес кога разговарал за почетоците на неговата компанија SpaceX:rn
„Настојувам да им пријдам на работите преку физичка рамка. Физиката ве учи да донесувате заклучоци од првите принципи наместо од аналогија. Па почнав да размислувам за првите принципи. Од што е направена една ракета? Потоа се запрашав која е цената на овие материјали. Излезе дека материјалите потребни за ракетата се околу 2% од вообичаената цена.“
rn
3. Следете ја целта неуморно
rnПоследното делче од сложувалката на Елон е неговата упорност и процесот на оптимизација. Постојано размислува за сработеното и никогаш не се задоволува со првиот изграден систем. Ова му овозможува да продолжи да учи и да созрева, со тоа подобрувајќи се како личност.rn
„Мислам дека е многу важно постојано да размислувате за она што сте го направиле и како можете да го направите подобро. Мислам дека тоа е најдобриот совет: Постојано размислувајте за тоа како можете да ги направите нештата подобри и прашувајте се во врска со себе.“
rnПрочитајте ги и советите што ќе ви помогнат да го смислите најдобриот план за личен развој.
