15 начини да бидете подобра личност
Не е потребно многу за да бидете подобра личност. Сè што ви треба се малку труд, храброст и сочувствителност за да направите некој да се чувствува посебно и важно. На овој начин не само што ќе бидете подобри, туку и ќе се чувствувате подобро во врска со себе.
1. Поставете пример за децата
Нема потреба да бидете родител или наставник за да го пренесете вашето знаење на малите. Волонтирајте да бидете поголем брат или сестра на некое дете. Одете во училишта и споделете ги вашите искуства, разговарајте за вашата работа и научете ги децата на некои вештини. Покажете им на малите како изгледа да бидат добра личност во надворешниот свет.
2. Помогнете им на оние на кои им треба помош најмногу
Волонтирајте и разубавете им го денот на помалку среќните. Подгответе оброци за бездомниците, донирајте во добротворни организации, однесете ги предметите и облеката што не ги користите во дом за сираци.
3. Изненадете ги саканите со охрабрувачки пораки
Напишаните охрабрувачки зборови можат да бидат исто толку моќни колку и кажаните. Оставете порака во нечиј ручек. Напишете порака на нечиј автомобил. Дајте му комплимент на некого со порака или имејл. Овој едноставен гест може навистина да го разубави нечиј ден.
4. Оставете подароци за странци
Вметнете слатки пораки во книгите што сте ги позајмиле. Оставете чадор на јавно место додека врне, на некој сигурно ќе му треба. Оставете обележена ужина за некого. За да бидете добри не мора секогаш другите да знаат дека сте направиле нешто. Понекогаш треба да останете анонимни.
5. Заменете ги грубите зборови со добри
Неучтивоста може да дојде од странците на улица, но и од најсаканите. Луѓето кажуваат нешта што некогаш звучат како навреда, а понекогаш го прават тоа намерно. Кога ќе се случи ова наместо да возвратите со грубост, кажете некој комплимент.
6. Ослободете го вашето место во автобус
Покажувањето добрина значи да им помагате на другите. Ова не мора да биде спасување живот, доволно се учтиви дела и постапки што помагаат. Понекогаш доволно е само да го ослободите вашето место во автобус на некој изнемоштен или постар. Помислете и на другите. Вашата мала неудобност не се ни споредува со радоста што ќе ја почувствува другата личност.
7. Престанете да се жалите
Интернетот ни дава одлична можност да се жалиме за нашите животи. Обидете се да му одолеете на ова искушение. Наместо тоа користете го Интернетот и социјалните мрежи за ширење позитивност. Ако се случило нешто лошо и сакате да го споделите, кажете и некоја шега со тоа. На овој начин другите ќе видат колку добро се справувате со конфликтите и ќе им биде јасно дека не сакате да ги наметнувате вашите проблеми на некој друг.
8. Бидете подобри кон себе
Да бидете добри кон себе е одличен начин да научите како да бидете добри со другите. Прифатете ги вашите недостатоци. Надградете се за успехот. Немојте да бидете премногу строги кога ќе направите грешка. Препознајте ја вашата вредност за да ја препознаат и другите.
9. Бидете потолерантни со саканите
Вистина е дека луѓето кои ви се блиски полесно и почесто ве прават гневни. Да познавате некого значи да ја знаете неговата најдобра, но и најлоша страна. Постојат дури пријатели и роднини кои постојано ги нагласуваат вашите слабости и ви предизвикуваат стрес. За да останете добра личност, потребно е да покажете дополнително трпение околу нив и да научите како да не им дозволите на нивните зборови да влијаат на вас.
10. Кажете „Те молам“ и „Благодарам“
Овие магични зборови што сте ги научиле уште како мали би требало да ги користите целиот ваш живот на правилен начин и во правилно време. Добрината и манирите одат заедно, па користењето на овие зборови е одлично за вашиот имиџ.
11. Паметно одбирајте ги вашите битки
За некои нешта вреди да се борите, но не мора да ја добиете секој битка. Понекогаш попаметно е да си заминете, особено кога не станува збор за нешто големо. Не само што ќе бидете поголемата личност, туку нема да ја трошите вашата енергија на лоши мисли и постапки.
12. Почитувајте ги туѓите верувања
Луѓето имаат разни верувања во зависност од нивната социјална и културна позадина. Но, едно нешто е сигурно – никој не сака да му судат поради неговите верувања. Наместо да им судите, обидете се да ги разберете верувањата на другите. Можеби нема да се согласите со нив, но барем ќе знаете доволно за да го почитувате туѓото верување.
13. Бидете добри и кон оние коишто не се добри кон вас
Лесно е да бидете добри со оние коишто се добри кон вас. Но, кога ќе се соочите со потешка личност можеби ќе ви биде потребен потсетник. Дајте го најдоброто од себе за да бидете добри и кон овие луѓе, дури и ако не го добиете истото за возврат.
14. Слушајте
Може да станува збор за едноставна порака, нудење помош, слушање… Без разлика на кој начин ќе помогнете, важна е идејата зад овие постапки. Кога сте со некој кога тој има потреба од тоа, вие му покажувате дека се грижите.
15. Искажете ја добрината
Нема подобар начин да бидете добри од тоа да докажете дека навистина го мислите тоа. Не мора да станува збор за некој голем гест што ќе го забележат сите. Делење оброк, испраќање картичка или давање комплимент ќе ја покажат вашата добрина кон другите.
Погледнете ги и фазите низ кои треба да поминете за да станете подобра личност.