Кога станува збор за планетите, Земјата е релативно умерена во однос на климата и географијата. Но, и нашата планета има многу изненадувачки екстремни места. Многу од овие места се ненаселиви или целосно недостапни за луѓето. Погледнете некои од најневеројатните.rnrn
rn
1. Најтоплото населено место: Далол, Етиопија
rnСо просечна дневна температура од 34,4 степени Целзиусови, не е ни чудно што ова место во последно време е град на духови.rn
2. Најдлабока пештера: Пештерата Крубера
rnОткриена во Абказија, оваа пештера е единствена позната на Земјата што е подлабока од 2.000 метри.rn
3. Највисока точка: Монт Еверест
rnОсвоен од речиси 3.000 планинари, овој врв се издига на височина од 8.848 метри над морето.rn
4. Најоддалечена точка од центарот на Земјата: Чимборазо, Еквадор
rnИако врвот на Монт Еверест е највисоката точка над нивото на морето, поради нерамнините и ротацијата, врвот Чимборазо е најоддалечен од центарот на Земјата.rn
5. Најосамен остров: Островот Бувет
rnОвој мал ненаселен норвешки остров во Јужниот Атлантски Океан е оддалечен речиси 1.610 километри од Антарктикот и речиси 2.400 километри од Јужна Африка.rnrn
rn
6. Најоддалечената континентална точка: Недостижната точка на Антарктикот
rnОва е точка на континентот што е најоддалечена од кој било океан. Од седумте континенти, Антарктикот е најосамен.rn
7. Најрамното место: Салар де Ујуни, Боливија
rnФормирана од неколку пресушени езера, најголемата рамна површина сол изнесува цели 10.582 километри квадратни.rn
8. Највисокото езеро: Езерото Титикака
rnНа висина од 3.812 метри, ова езеро на границата на Перу и Боливија е и најголемо во Јужна Америка.rn
9. Најниска точка на копно: Брегот на Мртвото Море
rnОваа точка се наоѓа на 418 метри под нивото на морето и ги дели Израел, Јордан и Западниот Брег.rn
10. Најдолгиот планински венец: Андите, Јужна Америка
rnОвој планински венец се протега на речиси 8.000 километри, низ 7 американски држави.rnrn
rn
11. Најдлабока вештачка дупка: Супер дупката Кола
rnЦелта на руските научници им била да копаат додека не можат да копаат повеќе и стигнале на длабочина од 12.262 метри.rn
12. Најврнежливо место: Чоко, Колумбија
rnВо овој регион во Колумбија врнат 11.770 центиметри дожд годишно.rn
13. Најсуво место: Пустината Атакама, Чиле
rnОвде е толку суво што помеѓу октомври 1903-та и јануари 1918-та година не паднала ниту една капка дожд. Ова е најдолгиот период без дожд што е забележан.rn
14. Најнаселена државата што не излегува на море: Етиопија
rnОвде живеат над 70 милиони луѓе без брег.rn
15. Најголем вертикален пад: Планината Тор, Канада
rnСо височина од 1.250 метри и просечен агол од 105 степени, оваа планина е омилена помеѓу планинарите.rnrn
rn
16. Најстудено населено место: Ојмјакон, Русија
rnВо овој град со 400 жители, температурите се под нулата 7 месеци во годината.rn
17. Најветровито место: Заливот Комонвелт, Антарктик
rnСо ветрови кои редовно надминуваат и 240 километри на час, ова е најветровитото место на Земјата.rn
18. Највисок водопад: Водопадот Ејнџел, Венецуела
rnВодопадот е толку висок што водата испарува пред да стигне до Земјата. Висината на водопадот е 978 метри.rn
19. Највисок планински премин: Марсимик Ла, Индија
rnОвој пат на височина од 5.582 метри се смета за највисокиот прооден пат во светот.rn
20. Најголемо езеро со слатка вода: Горно Езеро (Супериор)
rnОва езеро се наоѓа помеѓу САД и Канада и има површина од 82.400 километри квадратни.rnrn
rn
21. Најдолг брег: Канада
rnБрегот на Канада е долг 243.000 километри и ќе ви бидат потребни 33 години да го изодите ако секојдневно минувате по 19 километри.rn
22. Најголема клисура: Големиот Кањон, САД
rnСо должина од над 350 километри и длабочина над 1,5 километри, најголемата клисура е дело на реката Колорадо.rn
23. Најдолг глечер: Ламберт-Фишер, Антарктик
rnНајдолгиот глечер во светот се протега на растојание од над 160 километри.rn
24. Најкратката река: Реката Рое, Монтана
rnНикој не прашува за најкратката река на светот, но денес ќе научите и за неа. Реката Рое има должина од само 60 метри и е именувана како најкратка река на светот од Гинисовата книга на рекорди.rn
25. Најниска точка: Челинџер Дип
rnЛоцирана на дното на Маријанскиот ров на длабочина од 10.911 метри под нивото на морето, ова е најниската точка на Земјата. Ја имаат стигнато само тројца луѓе.rnrnПрочитајте ги и овие факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле.