Што значи плачењето после секс за вас и вашиот партнер?

Што значи плачењето после секс за вас и вашиот партнер?

Дали некогаш сте плачеле после секс или сте биле со некој што го направил тоа? Како и да е, ова искуство може да биде навистина интензивно и збунувачко. Најверојатното првото нешто што ќе си го помислите е дека се случило нешто ужасно. Но, вистинското значење на ова може да биде навистина комплицирано.

Што значи плачењето после секс за вас и вашиот партнер?

Плачењето после секс не секогаш значи дека партерот е тажен, во болка или дека е преплавен со емоции. Плачењето после секс може да значи речиси сè. Според доктор Џошуа Клапов, психолог, солзите по сексот можат да покажат што било, од емоционален стрес, до интензивно задоволство. Тој нагласува дека ако се случи, важно е да го разберете контекстот, односно причината. Погледнете за кои нешта експертите веруваат дека се причини за плачењето после секс.

Солзи од задоволство или среќа

Само затоа што некој плаче после секс, не значи дека треба да паничите. Постојат ситуации во кои солзите се всушност знак за нешто позитивно. Понекогаш плачењето по сексот може да биде сосема здрава работа. Тоа значи дека се искажувате сексуално откако сте имале многу потиснати чувства, а сега чувствувате среќа и љубов и сте преплавени со емоции. Плачењето е емоционален вентил и не значи дека не сте среќни.

Понекогаш солзите можат да бидат резултат од интензивни чувства на љубов и поврзаност. Ова се солзи радосници, но фокусирани на чувствата кон партнерот. Физичкото задоволство од сексот може да предизвика солзи, но во тој случај се помалку фокусирани кон партнерот, а повеќе кон вас.

Сексот може да предизвика моќни емоции

Сексот може да биде навистина интензивно искуство, па поради тоа можат да се појават и солзи. Тој може да направи вистинска поплава од емоции кои не мора да бидат директно поврзани со самото искуство. Некои од овие емоции можат да бидат чувство на намалено задоволство, вина бидејќи се чувствувате добро, каење за минати врски и слично. Резултатот од овие неповрзани чувства може да биде солзи по секс.

Понекогаш сексот може да ги вознемири жртвите на сексуално насилство. Ако не сте ги кажале вашите тајни и сексот ве потсетува на чувствата од тоа искуство, можно е да плачете по интимниот однос. Можеби повторно ќе се почувствувате како жртва и нема да знаете како да разговарате за тоа.

Анксиозност или срам од перформансот

Понекогаш плачењето е поради анксиозноста и срамот во сегашноста, особено заради чувства на неадекватност и лош перформанс. Ако почувствувате дека не сте доволно добри во кревет или дека не сте го задоволите партнерот, можно е да се појават солзи по односот.

Плачење од физичка болка

Плачењето по секс може да биде причинето и од нешто очигледно, како физичка болка. Понекогаш сексот може да биде болен, а кога чувствувате физичка или емоционална болка вие плачете.

Како најдобро да реагирате кога партнерот ќе заплаче по сексот?

Никогаш не треба да го игнорирате плачењето на партнерот. Најдобро е прво нежно да поставите некое од следниве прашања: Дали си во ред? Да не те повредив? Што можам да направам?

Можете да понудите поддршка така што ќе побарате дозвола да го прегрнете партнерот. Важно е да прашате бидејќи понекогаш во овие ситуации луѓето не сакаат да бидат допрени. Многу често луѓето не сфаќаат зошто партнерот плаче по сексуалниот однос. Ако не можете да го прочитате изразот на партнерот можете да го прашате: Како се чувствуваш? Што чувствуваш, што размислуваш и што те натера да заплачеш?

Најчесто ќе добиете одговор, но ако партнерот не сака да разговара никогаш не го притискајте да одговори. Тоа не значи дека вие сте причината за плачењето.

Кога да бидете загрижени?

Иако не е лесно да го гледате партнерот како плаче, нема потреба да бидете загрижени, особено ако тој или таа ви ја објасни ситуацијата. Обично ова се случува ретко. Но, ако плачењето е поради траума, болка или вознемирување, можеби треба да се загрижите. Комуницирајте, но немојте да создавате притисок. Ако забележите шема во однесувањето, важно е да реагирате. Ако на пример партнерот постојано плаче после сексуалниот однос, а не разговара со вас, потребно е да дознаете што се случува.

Клучни за справувањето со плачењето по сексот се нежноста и емпатијата и најважно од сè, немојте да судите. Факт е дека сексот може да предизвика нешта што не ги очекувате кога најмалку ги очекувате. Некои од овие емоции се моќни и неверојатни, а некои можат да бидат навистина болни. Само фокусирајте се на тоа да бидете овде за вашиот партнер и бидете добри кон себе без разлика дали вие или партнерот плачете по сексуалниот однос.

Погледнете и што откриваат истражувањата за плачењето после секс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар