КАФЕ ПАУЗА

10-те најпродуктивни држави и што можеме да научиме од нив?

10-те најпродуктивни држави и што можеме да научиме од нив?

Written by

in

,

Граѓаните кои имаат способност да постигнат значителен број резултати, ги прават нивните држави продуктивни. Со мерење на нивните резултати се одредува степенот на продуктивноста.rnrn10-те најпродуктивни држави и што можеме да научиме од нив?rnrnЕкономиите го користат бруто домашниот производ за да се процени продуктивноста.rn

Целата вредност на сè што е произведено од секој граѓанин и секоја корпорација лоцирана во границите на која било држава го сочинува бруто домашниот производ.

rnСпоред податоците од објавените извештаи на компанијата Експерт Маркет и Организацијата за економска соработка и развој (OECD), ова се најпродуктивните држави во светот:rn

    rn 011

  1. Луксембург
  2. rn 011

  3. Норвешка
  4. rn 011

  5. Швајцарија
  6. rn 011

  7. Данска
  8. rn 011

  9. Исланд
  10. rn 011

  11. Соединети Американски Држави
  12. rn 011

  13. Австралија
  14. rn 011

  15. Ирска
  16. rn 011

  17. Холандија
  18. rn 011

  19. Шведска
  20. rn

rn

ЛЕКЦИИ ШТО МОЖЕМЕ ДА ГИ НАУЧИМЕ ОД ОВИЕ ДРЖАВИ

rnСекогаш кога продуктивните држави и индивидуи ќе откријат нешто што добро функционира, тие учат од тоа. Ја наоѓаат причината зошто функционирало и потоа развиваат системи и процеси околу тоа. Тие ги применуваат научените лекции и го повторуваат процесот додека не го добијат посакуваниот резултат. Со ова на ум, еве ги лекциите од најпродуктивните држави што можете да ги искористите уште сега.rn

1. Култивирајте рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот

rnКога ќе воспоставите рамнотежа помеѓу вашиот професионален и личен живот ќе се чувствувате поисполнето и попродуктивно. Животот се случува. Се случуваат и случајности и несигурности. Можеби ќе ја изгубите вашата работа, некоја вештина, па дури и целиот бизнис. Ако вашиот живот се фокусирал само на работата и нема рамнотежа, ќе ви биде многу тешко да се справите со промените.rnrnУбавината на животот е тоа што никогаш не е доцна за почеток. Создадете живот и надвор од работното место. Најдете некое хоби, поминувајте време со саканите. Вратете се на училиште и научете некоја нова вештина. Учете целиот живот. Одете на одмор секоја година. Направете нешто возбудливо што го сакате, а што не е поврзано со работата.rnrnЗа оние со претприемалки дух, вреди да се спомне дека Луксембург е одлична локација за стартап бизниси кои сакаат да инвестираат во странски пазари. Добрата политика и простор за рекламирање се одлични за нови продукти и услуги. Ова е одлична локација за градење интернационална кариера, а професионалците добиваат навистина добри понуди.rn

2. Пократкото работно време е попродуктивно

rnДолгото работно време не значи дека ќе сработите повеќе. Државите како Јапонија и Мексико имаат долго работно време, па продуктивноста таму не се изедначува со вложениот труд. Шведска ја поттикнува рамнотежата помеѓу животот и работата и се обидува да ја зголеми продуктивноста на неколку начини.rnrnВо еден експеримент, еден вработен во старечки дом кој работел 8 часа дневно секогаш се чувствувал изморено и немал време за неговите деца. Потоа, работното време му било намалено на 6 часа за истата плата. Резултатите биле очигледни. Вработениот бил посреќен, со повеќе енергија и попродуктивен.rnrnВо првата година од воспоставувањето на овој нов систем се случиле значајни промени. Се подобрило целокупното здравје на вработените, се зголемила продуктивноста, а одолговлекувањето било минимално. Други нешта што биле забележани се:rn

    rn 011

  • Задржување на креативниот талент. Работниците останувале подолго со овие компании. Не сакале да ја менуваат новооткриената слобода.
  • rn 011

  • Повеќе време за одмор и рано легнување. Луѓето се буделе свежи и одморени. Биле подготвени ефикасно и креативно да се справат со денот.
  • rn 011

  • Вработените се чувствувале ценето. Тие можеле да минуваат време со саканите и имале време да прават што сакаат.
  • rn

rn

3. Фокусирајте се целосно на моменталната задача

rnБидете целосно фокусирани на работното место и не размислувајте за работата кога ќе си заминете дома. Ова е свесна одлука која треба да ја применувате додека не ви стане рефлекс. Ова е одлично бидејќи вашиот работодавец ќе го има целото ваше внимание додека сте на работа, а тоа значи подобри резултати. Задоволството што ќе го чувствувате по завршената задача ќе ве наполни со енергија.rnrnВо Исланд, на пример, краткото работно време е употребено за зголемување на продуктивноста. Притоа вработените биле фокусирани само на една задача, а благодарение на ова Исланд се искачила 10 позиции погоре.rnrnМожеби ова објаснува зошто Германија е само 11-та и покрај тоа што има најмалку неделни работни часови. Разликата е што вработените овде не биле вистински присутни и целосно фокусирани.rn

4. Имајте позитивен поглед кон животот и работата

rnМнозинството луѓе ја бараат и бркаат среќата. Според извештајот за среќа од 2017-та година, Норвешка се наоѓа на врвот. Овде најголемо влијание има рамнотежата помеѓу работата и животот.rnrnСправете се со нештата што ви ја цедат возбудата така што ќе имате позитивен поглед кон животот и работата. Можеби вашите работни часови и опкружувањето не се како што сакате. Немате мотивација да се будите и да одите на работа. Но, барем имате зошто да се разбудите и многу луѓе посакуваат да ги имале вашите можности.rnrnЗа момент тргнете го фокусот од вас и вашите проблеми. Почнете да ги препознавате добрите нешта во животот и бидете грижливи и добри.rn

5. Флексибилен распоред

rnДржавите како Луксембург, Шведска и другите скандинавски држави имаат флексибилен работен распоред. Вработените имаат договорен распоред за тоа кога доаѓаат и си одат од работа. На пример, вработениот може да дојде порано и да си замине порано, или да дојде подоцна и да остане и после 16 часот.rnrnДруга опција е работењето од дома. Овде од најголема важност е довербата, односно знаењето дека вработениот ќе биде попродуктивен од дома. Некои од предностите на флексибилниот распоред се:rn

    rn 011

  • Мајката со мали деца може да минува повеќе време со нив.
  • rn 011

  • Зголемен број жени во одредена област.
  • rn 011

  • Родителите можат да ги носат и земаат децата од училиште без да го нарушат распоредот за работа.
  • rn 011

  • Идеална можност за вработените кои се враќаат на училиште.
  • rn

rnПогледнете ги и научно докажаните техники што ќе ја зголемат вашата продуктивност.