Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Водолија
Овие два знака ќе се забавуваат и ќе бидат одлични пријатели, кои можат да научат многу еден од друг. Тие ќе развиваат слични идеи и ќе имаат заеднички цели. Водолијата ќе биде инстантно привлечена од сензуалниот Бик. Бикот, привлечен од независноста која ја поседува Водолијата, засекогаш ќе остане покрај неа, во добро и во зло. Водолијата ќе се чувствува релаксирана и своја покрај Бикот. Тој пак, ќе се чувствува авантуристички покрај Водолијата.
Ова е навистина прекрасна љубовна комбинација, која има потенцијал за долга, но и за кратка романса. Уште пред да бидат свесни, тие може лудо да се вљубат еден во друг. Бикот е сериозен и сензуален знак, а Водолијата го смета за личност која ќе остане покрај неа без разлика на сѐ. Нивниот однос ќе остане цврст и пријателски дури и долго време по исчезнување на нивната меѓусебна привлечност.
Бикот и Водолијата подобро ќе се запознаат себеси откако ќе влезат во оваа врска. Долготрајната романса меѓу нив двајца може да резултира со брак и деца. Сепак, Бикот треба постојано да ѝ укажува почит на неговата Водолија и да не предизвикува драматични епизоди, бидејќи тоа може да ја одбие и таа да го напушти.
Маж Бик и жена Водолија
Овие двајца можеби никогаш нема да доживеат ништо повеќе од еден состанок. Всушност, тие на почетокот може да сметаат дека дошле од две различни планети. И Бикот и Водолијата се многу тврдоглави суштества, па затоа најверојатно ниеден од нив нема да „легне на брашното“ доколку одлуката за прекин е веќе донесена. Женската Водолија има тенденција да гледа на Бикот како на досаден и предвидлив маж и тој едноставно не успева ментално да ја стимулира, и покрај тоа што знае да прави чуда во спалната соба. Тој пак, ќе ја мрази потребата на Водолијата за независност, бидејќи тоа е во спротивност со неговата потреба за стабилност. Како и да е, во сексуална смисла тие се одлични партнери, чијашто страсна искра може да ги „избрише“ сите разлики помеѓу нив.
Жена Бик и маж Водолија
Бикот и Водолијата се фиксни знаци и нивниот тврдоглав начин на размислување и однесување, може да создаде тензија во нивниот однос. Жената родена во знакот Бик има потреба од стабилност, додека пак мажот Водолија сака да живее непредвидливо. Нивната врска може да успее само доколку двајцата партнери се целосно посветени. Жената родена во знакот Бик мора да научи како да го заведе умот на нејзината Водолија, додека пак тој мора да научи да ја почитува потребата на неговата дама за физичка и сетилна, а не за интелектуална стимулација.
Нивниот секс ќе биде задоволувачки за двете страни, односно жената Бик ќе го добие потребното физичко задоволство, а машката Водолија ќе ја добие потребната умствена стимулација. Сето тоа ќе биде реалност, доколку двајцата се подготвени да вложат поголем дел од себе, пред да очекуваат партнерот да ги задоволи нивните потреби.