КАФЕ ПАУЗА

Светската здравствена организација направи листа со најмрзливите држави во светот

Светската здравствена организација направи листа со најмрзливите држави во светот

Дали сте мрзливи без да знаете? Неодамна Светската здравствена организација направи листа со 10-те најмрзливи држави во светот, а резултатите се изненадувачки. За истражувањето била следена физичката активност низ светот. Резултатите откриле кои држави се најмалку активни, односно најмрзливи.rnrnСветската здравствена организација направи листа со најмрзливите држави во светотrnrnВо истражувањето учествувале 1,9 милиони луѓе од 169 држави. Според организацијата, испитаниците претставувале 96% од глобалното население. Организацијата открила дека во 2016-та година, само четвртина од возрасните не биле доволно физички активни. Ова им го зголемувало ризикот од развивање или влошување на болести поврзани со неактивност. Овде спаѓаат неколку видови рак, мозочен удар и дијабетес.rnrnФизичката активност била дефинирана како вежбање барем 75 минути секоја недела, 150 минути умерено вежбање, или комбинација од двете.rn

10-те најмрзливи држави

rn1. Кувајт (67% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn2. Американска Самоа (53,4% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn3. Саудиска Арабија (53% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn4. Ирак (52% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn5. Бразил (47% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn6. Костарика (46,1% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn7. Кипар (44,4% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn8. Суринам (44,4% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn9. Колумбија (44% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn10. Maршалски Острови (43,5% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rn

10-те најактивни држави

rn1. Уганда (5,5% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn2. Mозамбик (5,6% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn3. Лесото (6,3% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn4. Танзанија (6,5% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn5. Ниуе (6,9% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn6. Вануату (8% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn7. Того (9,8% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn8. Камбоџа (10,5% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn9. Мјанмар (10,7% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn10. Токелау (11,1% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrnОд Светската здравствена организација имаат амбициозен план да ја намалат физичката неактивност за 10% до 2025-та година. Во поразвиените држави физичката активност е почеста најчесто поради фитнес центрите и трендовите за здрава исхрана.rnrnПогледнете ги и овие луди и смешни факти поврзани со мрзливоста.