Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Јарец

Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Јарец

Ако доволно го посакуваат тоа, овие два знака можат силно да се поврзат и да изградат долга врска. За Јарецот, Бикот е објект на воодушевување, а тој пак, треба да биде поедноставен со интелигентниот и сексапилен Јарец. Јарецот и Бикот се знаци кои си одговараат и во креветот и надвор од него, но тоа не значи дека сѐ ќе им оди како подмачкано. Ќе мораат да вложуваат заеднички труд за да ја одржат врската цврста. Сексот е моќен фактор кој силно ќе ги поврзува и ќе ги тера постојано да се навраќаат еден на друг.

Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Јарец

Парот сочинет од Бик и Јарец зрачи со силна енергија. Тоа ќе го препознае и околината, па од нивните пријатели често ќе добиваат комплименти дека се прекрасен пар. Ова е многу ветувачка комбинација поради силната сексуална хемија меѓу нив. Со заеднички сили можат да ги остварат сите планови на Јарецот и бројните фантазии на Бикот.

Маж Бик и жена Јарец

Љубовта помеѓу овие двајца може да издржи многу препреки. Уште на првиот состанок, двајцата ќе го почувствуваат големиот потенцијал меѓу нив. Во понатамошниот тек на врската, женскиот Јарец ќе ужива во напорите на Бикот да постави темели за заедничка иднина, а тој пак ќе ја цени нејзината потреба да постигне нешто значајно во животот и великодушно ќе ја поддржува во тоа. Заедничко за двата знака, е високото ниво на сладострастие кое го внесуваат во сексуалните активности, а тоа е така бидејќи двајцата го сфаќаат сексот многу сериозно.

Жена Бик и маж Јарец

Овие двајца се извонреден љубовен пар кој може лесно да го издржи тестот на времето. Женскиот Бик секогаш ќе го поддржува својот Јарец во обидите да постигнува успех и да ги остварува своите амбиции. За возврат, тој ќе биде стабилен партнер кој ќе ѝ верува дека таа не се однесува расипнички кон материјалните нешта кои ѝ ги обезбедил, а ѝ се потребни за да се чувствува сигурна.

За време на сексот тие може да почувствуваат некаква мистична кармичка врска меѓу нив. Планетата на кармата, Сатурн, владее со Јарецот, а Венера, планетата на љубовта владее со Бикот, па затоа тие ќе се чувствуваат многу безбедно во нивната врска. Жената Бик знае дека мажот Јарец ќе ѝ ги исполни сите сексуални потреби, а тој гордо ќе ја покажува својата жена-трофеј во јавноста и ќе ѝ се насладува кога се на само.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар