Истражување открива: Длабоките брчки на челото може да се прв знак за срцева болест и смрт
На Интернет дефинитивно нема недостаток од статии, коишто ни даваат безброј совети за како да спречиме појава на брчки или како да се ослободиме од нив. Нивната суштина, генерално се базира на идеологијата да изгледаме што е можно помладо во секоја доба од животот, но новите истражувања индицираат дека откриен е нов загрижувачки аспект за оние кои имаат поизразени бразди на челото, одошто е вообичаено за нивната возраст.
Добро познат е фактот дека ризикот од срцеви болести се зголемува со текот на годините, но според биомедицинскиот истражувач Јоланде Есквирол, брчките на челото можат да бидат и првиот знак за срцева болест. Медицинските интервенции и промените во животниот стил, можат значително да го намалат овој ризик, но најтешкиот дел, е раното препознавање на пациентите кај коишто има голем ризик од смртност.
Збрчканото чело може да биде најочигледниот знак за ризик од срцева болест
„Ризичните фактори во срцевите болести, како што се покаченото ниво на холестерол или хипертензијата, не можат да се видат или почувствуваат. Ги истражувавме брчките на челото како маркер, бидејќи истите се многу едноставни за забележување и визуелно истакнати. Со едноставно погледнување во лицето на една личност, денес можеме да констатираме дека брчките се аларм, па можеме да им дадеме совети на пациентите како да го намалат ризикот“, објаснува Есквирол, за Европското здружение за кардиологија.
Претходните истражувања на оваа тема, веќе го имаат истражено степенот до кој карактеристиките на соодветната возраст, можат да бидат индикатори за срцево заболување. Така на пример, брчките на надворешните агли од очите, не покажале никаква поврзаност со зголемен ризик од срцева болест.
Од друга страна, кај мажите коишто патат од опаѓање на косата, имаат брчки на ушната ресичка и имаат ксантелазма (жолтеникави или црвенкасти дамки на горниот и долниот очен капак, настанати од високи нивоа на холестерол) имало корелација со зголемен ризик од срцеви болести.
Пронајдена е поврзаност помеѓу брчките на челото и зголемениот ризик од смртност
Во нивното моментално истражување, истражувачите тестирале 3.200 возрасни лица, на возраст од 32-62 години, во времетраење од 20 години. Тие заклучиле дека кај луѓето коишто имале брчки на челото, постоел повисок ризик за умирање од срцева болест, отколку кај оние кои немале брчки. Испитаниците коишто имале многу длабоки брчки на челото, дури имале за 10 пати зголемен ризик од смрт, во однос на другите коишто немале брчки.
„Колку е повисок степенот на збрчканост, толку е поголем ризикот за смртност од кардиоваскуларни болести. Брчките на челото може да бидат показател за атеросклероза“, објаснува Есквирол.
Истражувачите сè уште не знаат на што се должи оваа поврзаност, но се сомневаат дека може да станува збор за атеросклероза, што е една од причините за срцеви напади и други срцеви болести. И покрај тоа што брчките на челото дефинитивно не се безбеден начин за детектирање ризик од кардиоваскуларни заболување, во споредба со постоечките утврдени методи, сепак треба да се имаат предвид и да се користат како ран предупредувачки знак.
„Ова е првпат да се открие поврзаност помеѓу кардиоваскуларните ризици и брчките на челото, па откритијата треба да бидат потврдени во понатамошни истражувања. Како и да е, сега оваа практика на погледнување во челото на пациентите, може да се користи во ординациите на докторите и низ клиниките“, потенцира тој.
Прочитајте и за оваа тајна чувана 8 векови: Чудотворен лек за срцеви тегоби.