Астрологијата и справувањето со разочарувањата
Секој знае да се справи со успех и да ужива во него, но како се носиме со неуспесите и разочарувањата кои неминовно се случуваат во нашиот живот, зависи од карактерот. Проверете како вие, односно припадниците на вашиот хороскопски знак, се справуваат со проблемите.
Овенот никогаш не дозволува еден неуспех да го совлада. Неговата отпорност и необрнувањето внимание, му овозможува да ги остави проблемите во минатото и да продолжи да се обидува и да се обидува…
Биковите секогаш ги игнорираат работите кои на сите други им личат дека се неуспех и продолжуваат да работат на тоа што почнале. Нивната истрајност често се покажува како одличен метод, но доколку нешто тргне наопаку, можат да се појават проблеми.
Близнаците се мајстори за опоравување од последиците од погрешна одлука, бидејќи тие често имаат неколку започнати работи одеднаш. Доколку една од нив не успее, тие едноставно вниманието го свртуваат кон некоја од останатите активности.
Раковите имаат многу тешкотии да се соочат со реалноста и да ги остават работите да бидат такви какви што се. Сепак, тие поседуваат капацитет и секогаш пројавуваат иницијатива да создадат инспиративен план. Поради ваквиот начин на функционирање, тие секогаш се спремни да напредуваат самоуверено.
Самоувереноста на лавот може да му опадне многу брзо доколку тој наиде на тешкотија или доколку почувствува дека ја изгубил поддршката од луѓето околу него. Неговата опадната самодоверба ќе го држи воздржан од повторно обидување, а за напредок ќе му биде потребно враќање на честа.
Девиците се екстремно самокритични доколку нешто погрешиле. Сепак, тие веднаш штом сфатат дека направиле некој кикс, никогаш повеќе нема да им се случи да ја повторат истата грешка. Нивната зависност од работа ќе ги натера да ги прават работите како што треба.
Вагата може да се загрижи доколку нејзиниот углед е ставен во прашање, но истата оваа нејзина особина ја мотивира да го одржи притисокот во животот, кога нешто не е како што треба. Овие луѓе поседуваат генијални умови кои ќе осмислат паметен план како да се продолжи понатаму и да се избега од хаосот.
Скорпијата сака да биде многу почитувана во нејзината професија и веројатноста за соочување со некаков проблем или грешка ја потресува. После некое време ќе мора да се соочи со тоа, а понекогаш ќе има тешкотии низ тој процес.
Кога станува збор за работа, стрелецот секогаш гледа само во еден правец, а тоа е напред. Поседувањето позитивна мисла и беспоштедна надеж, секогаш е спасувач во неговата кариера.
Јарецот знае да биде потиштен кога ќе направи некоја грешка на работа, но најчесто има повеќе алтернативи кои би го вратиле во ритам. Откако ќе се ослободи од негативната енергија, се однесува како ништо да не се случило.
Водолијата не се грижи што мислат останатите, ниту пак слуша многу совети. Како резултат на ова,често знае да „заглави“. Кога ќе се реши да се справи со своите грешки, таа брзо се враќа на правиот пат.
Рибите имаат големи проблеми да се вратат во нормала кога ќе погрешат нешто, бидејќи многу им паѓа самодовербата. Сепак, откако ќе сфатат дека грешки се случуваат, колебливо одново се обидуваат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
“Овие луѓе поседуваат генијални умови кои ќе осмислат паметен план како да се продолжи понатаму и да се избега од хаосот.”
ziva vistina. Vaga sum i sum mnogu pametna i genijalna