10 причини поради кои ќе се вљубите во Куба
Туристите што ја посетиле велат: „Има нешто посебно во Куба!“. Дали се тоа страсните салса ритми коишто се наслушнуваат од портите на старата Хавана или колоритните колонијални градови скриени помеѓу полињата со тутун и тропските плажи, Куба крие нешто посебно кое се врежува во вас. Може слободно да се каже и дека станува збор за љубов на прв поглед! Со цел да се обидеме да ви објасниме зашто Куба е толку примамлива, денес ќе ви издвоиме 10 најчести препораки од илјадници туристи коишто објасниле зашто Куба е една од најпопуларните дестинации на Карибите.
1. Плажите се апсолутен рај
Едноставно кажано, плажите во Куба се основата од којашто се создадени карипските соништа. Бескрајните пространства од бел, брашнест песок и кристално сините води кои се протегаат од Хавана до Сантијаго де Куба, како и отсуството на крајбрежни градби, придонесува овие плажи со палми сè уште да го имаат сочувано својот природен шмек.
2. И на нив воопшто нема гужви
И покрај тоа што Куба во моментов е сè попопуларна летна дестинација, таа сè уште не им конкурира на нејзините соседи Бахамите, но кај неа ќе најдете доволно песок за уживање дури и во туристичкото Варадеро, главното одморалиште на островот. Ако сакате да го доживеете искуството на Робинзон Крусо, не ги пропуштајте легендарните острови и нивните недопрени километарски бели песоци.
3. Магичната атмосфера на Старата Хавана
Има еден збор со кој туристите секогаш ја опишуваат Хавана – магична. Со нејзините колоритни историски градби и класични автомобили, кога ќе стапнете во Хавана, ќе се почувствувате како да сте се вратиле назад во времето. Доколку на тоа ги додадете и секојдневните улични забави, како и живата музичка култура, ќе дојдете до заклучок дека се наоѓате во еден од највозбудливите и најромантичните градови на Карибите.
4. Два збора: класични автомобили
Куба е рај за љубителите на автомобили. Никаде на планетава Земја нема толку блескава колекција од класични американски возила, а улиците на Хавана и Сантијаго де Куба се своевидни музеи составени од вакви автомобилски антиквитети.
5. Преполна е со волшебни колонијални градови
Додека обично Хавана го привлекува целото внимание, многу туристи претпочитаат да ги посетат градовите Тринидад и Камагвеј коишто се заштитени од УНЕСКО како најшармантни дестинации во Куба. Нивните автентични камени улици и колоритната архитектура, кои датираат од 16-от век, се сметаат за најсочуваните колонијални градови на американскиот континент.
Продолжува на следната страница…