12 неочекувани здравствени придобивки од алое верата

Сподели

Алое верата е природен ресурс кој постои речиси цел милениум. Низ историјата била користена во медицината во многу култури, вклучувајќи ги и оние во Грција, Египет, Индија, Мексико, Јапонија и Кина. И денес милиони луѓе го користат ова растение поради неговите здравствени и козметички придобивки.rn

Реклама

Што е алое вера?

rnАлое верата произведува две супстанци кои се употребуваат во многу прехранбени и медицински продукти – чист гел и жолт латекс. Гелот се наоѓа во листот на растението откако ќе го пресечете. Латексот се наоѓа веднаш под кората на растението.

Растението датира од пред 6.000 години од Египет кога раните Египќани почнале да го претставуваат на камени резби. Алое верата дури била нарекувана и „растение на бесмртноста“ и им била подарувана на фараоните.

Денес можете да го најдете растението во многу продавници. Најдоброто е тоа што е навистина лесно за одгледување – потребно е да го наводнувате само три пати неделно, па дури и поретко во текот на зимата.rn

Најдобриот вид алое вера

rnМногу компании произведуваат гел од алое вера кој може да се нанесува на кожата. Овие гелови содржат многу други додатоци. Ако сакате да го употребувате гелот во најчиста форма, најдобро е да купите растение, да го пресечете листот и да го нанесете на потребното место. Ако купувате продукт со алое вера, не заборавајте да ги прочитате состојките. Првата состојка треба да биде алое вера или вода. Некои гелови содржат и алкохол којшто ја суши вашата кожа.rn

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД АЛОЕ ВЕРА

rn

1. Подобрување на имунитетот

rnЕдна од најдобрите работи за ова растение е неговата способност да го подобри вашиот имунитет. Некои истражувања покажале дека одредени продукти со алое вера биле ефективни во зголемување на бројот на бели крвни зрнца, односно одбранбениот систем на телото. Најдобриот начин да ја консумирате алое верата за имунитет е да пиете 100% чист сок од алое вера кој нема никакви засладувачи и додатоци.rn

2. Слабеење

rnИстражувањата покажале дека алое верата помага при слабеењето на два начина. Воспаленијата на телото се поврзани со дебелеење и проблеми со метаболизмот. Бројни истражувања покажале дека алое верата има антивоспалително дејство. Покрај тоа, алое верата е и природен лаксатив кој му помага на телото да ги исфрли токсините. Имајте на ум дека не треба да консумирате алое вера доколку сте бремени или доите. rn

3. Намалување на брчките

rnВодата во алое верата ја прави одличен навлажнувач за вашата кожа. Се покажало дека ова растение го стимулира производството на колаген, а со тоа се подобрува еластичноста на кожата и се намалуваат брчките. Истражување кое проучувало додатоци во исхрана со алое вера, покажало дека секојдневното консумирање предизвикало значително намалување на знаците на стареење, и тоа за само 3 месеци.rn

4. Акни

rnЕден од најголемите проблеми со комерцијалните продукти против акни е тоа што содржат состојки кои се премногу груби за кожата, па предизвикуваат дополнителна иритација. Ова не важи за гелот од алое вера. Гелот ги отстранува бактериите од порите и почнува да ја лекува кожата. Исто така ја намалува и појавата на лузни од акни.rn

5. Го поттикнува здравјето на косата

rnНеколку истражувања покажале дека површинското нанесување алое вера на косата може да има неколку придобивки. Алое верата го третира воспалувањето на скалпот поради првутот, ги зајакнува оштетените влакна, па дури и го поттикнува растењето на косата.

Продолжува на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира