Топ 5 содржини за изминатата недела (5.9.-11.9)

Топ 5 содржини за изминатата недела (5.9.-11.9)

Еве ги петте поста кои најмногу пати беа кликнати во текот на изминатите 7 дена:Топ 5 содржини за изминатата недела (5.9.-11.9)

1. Каква е вашата профил-слика на Фејсбук?

Колку пати досега сте биле шокирани од фотографијата која ја објавил некој ваш пријател на својот профил на Фејсбук? Како пак реагирате кога ќе видите дека истиот тој пријател, решил да ја означи таа ужасна фотографија како профил слика, која ќе може цел свет да ја види? Францускиот фотограф Mathieu Grac се сетил да направи една интересна серија фотографии, која ја нарекол „Boyz and Girlz du net“ (Момчињата и девојките на нет). Неговите фотографии ја истакнуваат опсесијата на секое општество во светот, со профил-сликите на социјалните мрежи.
.

2. Никол Шерцингер и Ламборгини „Дијабло“ – убиствено жешка комбинација

Дали можеби ви се чини дека ова е излезено од вашите фантазии? На овие слики се прикажани две неверојатни убавици. Од една страна, Никол Шерцингер, поранешната прва пејачка на атрактивната женска поп група „Pussycat Dolls“, а од друга, импресивниот модел на Ламборгини, неприкосновениот „Дијабло“.
.

3. Адријана Лима во нова секси фотосесија

Адријана Лима е повторно назад на сцената, откако од „Victoria’s Secret“ повторно објавија нејзина нова жешка фотосесија во долна облека. Како никогаш да не родила дете, нејзиното тело сè уште изгледа совршено. Иако повеќето модели на „Victoria’s Secret“, во краток период заминаа на породилно, сепак тие се вратија уште позгодни и поатрактивни од претходно. Да не заборавиме дека тука беа новите и млади заменички, кои во иднина ќе ја претставуваат оваа куќа. И што мислите вие за Адријана?
.

4. Првиот виртуелен супермаркет во светот

Можете ли да си замислите како влегувате во супермаркет да испазарите нешто и притоа не гледате ниту еден продукт на полиците? Епа токму ова им се случува на Јужнокорејците кога пазарат во нивната нова виртуелна продавница, чиишто продукти потоа реално ги користат.
.

5. Астрологијата и започнувањето на есента

Есента само што не ни зачукала на портите, па затоа мораме да бидеме спремни за посериозни обврски и враќање во реалноста, по долгото и мрзеливо лето. Оваа транзиција може за некого да биде многу тешка, па затоа погледнете што ви порачуваат ѕвездите, за да останете во вашиот природен баланс.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар