Интересно откритие: Да бидете мрзливи е најдобриот начин да живеете подолго

Интересно откритие: Да бидете мрзливи е најдобриот начин да живеете подолго

Дали понекогаш сè што сакате е да бидете малку мрзливи, но истовремено се плашите дека го трошите вашиот живот и почнувате да правите што било друго? Па, размислете повторно бидејќи едно ново истражување открило дека да бидете мрзливи е подобар начин да го продолжите вашиот живот.

Истражување: Да бидете мрзливи е подобар начин да живеете подолго

Научниците откриле дека видовите со побрз метаболизам се посклони кон истребување за разлика од помрзливите. Истражувањето укажува на фактот дека мрзата може да создаде подобри шанси за преживување.

Проучувајќи ги мекотелите, научниците откриле дека видовите што трошат помалку енергија преживеале многу подолго од ние кои имале повеќе енергија. Лук Строц, истражувач од Универзитетот во Канзас изјавил:

„Оние кои имаат пониско ниво на енергија изгледа дека имаат поголеми шанси за преживување за разлика од организмите со побрз метаболизам.“

Научниците се надеваат дека ќе можат да ги применат резултатите од истражувањето и кај други видови кои се на работ на истребување со цел да им го продолжат животниот век.

Брус Либерман, професор по екологија и еволуционарна биологија изјавил:

„Можеби на долгорочен план најдобрата еволуциона стратегија за животните е да бидат мрзливи – колку е побавен метаболизмот толку поголеми се шансите за преживување на видот. Наместо преживување на најсилните, можеби подобра метафора за историјата на животот е преживување на мрзливите.“

Иако истражувањето истакнува дека има и бројни други причини зошто некои видови се изложени на поголем ризик од истребување, откривањето дека метаболизмот има улога во нивното преживување помага да се одреди веројатноста за истребување.

Сепак, се смета дека метаболизмот игра помала улога за видовите кои покриваат голем дел живеалишта и екосистеми. Воглавно, експертите додале дека ќе треба да ја истражат поврзаноста помеѓу метаболизмот и истребувањето и кај другите животински групи со цел да ја разберат подобро.

Дознајте и зошто понекогаш е добро да бидете мрзливи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар