Не е тајна дека секоја жена сака да биде совршена. Модната и козметичката индустрија одамна ги тераат жените да мислат дека треба да изгледаат на одреден начин за да им се допаднат на оние околу нив. Но, мажите не обрнуваат многу внимание на малите детали и најчесто се фокусираат на големата слика. Погледнете што навистина им го привлекува вниманието кај понежниот пол.rn
1. Парфем
rnПовеќето од интервјуираните мажи обично обрнувале внимание на парфемот на жената. Сепак, голем дел изјавиле дека парфемот ни би требало да биде премногу нападен.rn
2. Лак за нокти
rnОвде има повеќе мислења бидејќи дел од мажите изјавиле дека воопшто не обрнувале внимание на лакот на ноктите, додека други изјавиле дека секогаш го забележуваат. Она што мажите го забележуваат е дали ноктите на жената се чисти и исечени. Но доколку не биле, тоа не им било многу важно. Речиси сите мажи изјавиле дека не сакаат светол лак за нокти и нокти што се предолги.rn
3. Веѓи
rnРечиси сите мажи изјавиле дека не сакаат кога жените си ги цртаат веѓите. Сепак, воглавно ретко обрнувале внимание и на овој детаљ. Некои мажи изјавиле дека средените веѓи можат да омекнат одредени карактеристики на лицето.rn
4. Трепки
rnПоловина од мажите изјавиле дека лажните трепки изгледаат убаво и ја прават жената поженствена. Другата половина изјавила дека лажните трепки изгледаат неприродно. Изгледа најмногу зависи од квалитетот на лажните трепки, доколку ги носите.rn
5. Шминка
rnСите мажи се сложиле во врска со шминката. Ниту еден не сакал светла шминка, а некои изјавиле дека и светлиот кармин не изгледа добро. Природни трепки со маскара, природни веѓи и усни со природна боја е она што најмногу им се допаѓало.rn
6. Акни
rnМажите обрнуваат внимание на проблемите со кожата. Ќе го забележат мозолчето на вашиот нос, но нема воопшто да се грижат за тоа. Но според мажите, ако жената има сериозен проблем со кожата, таа не се грижи правилно за неа.rn
7. Нозе што не се совршено мазни
rnРечиси на сите мажи им е сеедно што жените немаат секогаш мазни нозе. Не им е важно дали се мазни визуелно или на допир.rn
8. Валкани чевли
rnВоглавно валканите чевли не ги иритираат мажите. Ако не е нешто необично, нема да му обрнат внимание. Но ако чевлите ви се премногу валкани, сигурно ќе го забележат тоа и нема да оставите добар прв впечаток.
Продолжува на следната страница…

