Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Вага
И Бикот и Вагата се управувани од Венера – планетата на љубовта. Тие имаат слични ставови и погледи кон животот и двајцата сакаат да живеат квалитетен и престижен живот. Нивните карактери одлично се надополнуваат и со заеднички сили ќе креираат убав романтичен баланс. Бикот ќе ѝ се воодушевува на убавината и грациозноста која ја поседува Вагата. Тој нејзе ќе ѝ даде цврстина, а Вагата во него ќе го всади оптимизмот.
Повремените лоши расположенија на Бикот можат да бидат непријатни за Вагата, но во исто време тој ќе очекува и повеќе разбирање од неа за тоа. Времето може да им донесе нови квалитети во врската, но тоа пред сѐ ќе зависи од тоа колку заеднички цели имаат во животот. Ако можат заеднички да испланираат семејство, успехот им е гарантиран.
Маж Бик и жена Вага
Отменоста, сензуалноста и стилот на Бикот се нешто на кое ниедна Вага не може да остане рамнодушна. Ако таа успее да му го привлече вниманието со нејзиниот шарм, тогаш тој ќе биде нејзин. Тие можеби немаат многу заеднички работи, но двајцата го делат влијанието на Венера – планетата на љубовта, која е нивен најголем пријател. Тој не е дружељубив колку нејзе, но можат да постигнат компромис на тоа поле. Бикот е голем гурман и секогаш ќе сака да излегуваат во добри ресторани, но таа може да ја претвори неговата идеја за совршен состанок во елегантна приватна забава за двајца, во комбинација со вкусна вечера, па така двајцата ќе бидат задоволни.
Сексот ќе им биде божествен. Тој ќе ужива додека таа го храни со вкусни чоколатца во креветот, а таа несомнено ќе биде воодушевена од неговите силни раце и масажата на цело тело која тој може да ѝ ја понуди.
Жена Бик и маж Вага
Иако Венера ќе управува со нивната романса, тие ќе мораат и да ги надминат нивните меѓусебни разлики. Тој сака да разговара за сѐ и за секој став што го изразува сака да чуе дали таа се согласува со него. Од друга страна, жената Бик е цврста во своите ставови и не прави отстапки. Таа е истрајна, а машката Вага го добива она што го сака, благодарение на неизмерниот шарм кој го има.
Сепак, сексуалниот живот ќе им биде многу возбудлив. Иако тој повеќе ужива во нежен и романтичен сексуален однос, одвреме-навреме добро ќе му дојде и страсниот старомоден начин на водење љубов, кој Бикот одлично го владее.