Можеби се сеќавате на истражувањето на НАСА со близнаци во кое 10 разни тима од истражувачи ги проучуваа астронаутот Скот Кели кој помина една година во Интернационалната вселенска станица, и неговиот идентичен брат близнак, астронаутот Марк Кели кој остана на Земјата.rnrn
rnrnДел од истражувањето вклучувало и споредување на ДНК на близнаците. Настана вистинска мешаница кога бројни медиуми погрешно ги протолкува резултатите и изјавија дека ДНК-та на Скот била значително изменета по поминатиот период во вселената. Од НАСА објаснија дека неговата ДНК не се променила, туку биле забележани некои промени во гените, односно нивното реагирање со околината.rnrnПоголемиот дел од генетската експресија се вратила во нормала откако астронаутот се вратил на Земјата, но 7% останале исти како кога бил горе. Според НАСА, овие 7% можеби ќе предизвикаат долготрајни промени во имунолошкиот систем на Скот, обновувањето на неговата ДНК и формирањето на коските. Овие промени можат да влијаат и на генетската експресија при недостаток од кислород или преголемото количество јаглероден диоксид во крвотокот.rn
Вселена или стрес?
rnНо дали промените кај Скот биле резултат на тоа што е во вселената или поради тоа што бил во екстремно стресно опкружување? Еден начин да се најде одговорот е да се тестираат планинарите на голема височина каде што ретката атмосфера и ниските температури ќе предизвикаат стрес. Потоа овие резултати ќе се споредат со оние на близнаците Кели.rnrnКристофер Мејсон кој го водел истражувањето за гените на НАСА дизајнирал споредлив експеримент кој вклучува двајца планинари, Вили Бенегас и Мет Моинц. Тие ја искачија Монт Еверест во мај, а резултатите допрва треба да пристигнат.rnrnНо веќе постојат научни докази кои покажуваат дека високите места на Земјата ја менуваат генетската експресија. Зак Чеврион, асистент во Универзитетот во Монтана учествувал во истражување за ефектите на височината кај еден вид глувци. Ова мало суштество се соочува со најголема висинска разлика, од ниво под морето до висина од 4.300 метри.rnrnЗак, кој не учествува во истражувањето со планинарите, изјавил дека кога овие глувци биле на поголема височина имале промена на генетската експресија, појава која имала влијание на структурата на мускулите. Овие промени им овозможувале на глувците да се справат со опкружувањето на планината каде што пореткиот воздух го отежнува снабдувањето на мускулното ткиво со кислород.rn
Промената до некој степен ја имитира еволуцијата
rnГенетската експресија е огранок од физиологијата и претставува вклучување и исклучување на гените со цел да се зголемат шансите за преживување.rn
„Генетската експресија изгледа дека ја имитира адаптацијата предизвикана од еволуцијата“, изјавил Чеврион.
rnГлувците родени на планината, потомци на претходните генерации кои еволуирале на големи височини, имаат мутација која им овозможува да ги променат гените на многу повисоки места, за разлика од глувците родени на пониско.rn
„Ако земете глушец од пониско место и го изложите на голема височина, генетската експресија ќе помогне да се развијат повеќе крвни садови. Но, ќе имаат помалку за разлика од оние родени на високо место.“
rnНо не сите промени се добри. Истражување од 2014-та година покажало дека луѓето од Тибет кои живеат на високо имаат наследено гени кои им овозможуваат нивните тела поефикасно да го користат кислородот без да имаат висок број црвени крвни клетки. Кога некој од пониско место ќе отиде на Тибет, неговото тело ќе се обиде да се справи произведувајќи повеќе црвени крвни клетки – промена што ја згуснува крвта и што го зголемува ризикот од затнување на вените и инфаркт.rnrnПрочитајте ги и овие одвратни факти за вселенското патување на кои сигурно не сте помислиле.