Кафе со куркума, какао и бадемово млеко

Кафе со куркума, какао и бадемово млеко

Вкусен и здрав кофеински пијалак

Потребни состојки:
  • 230 милилитри свежо подготвено еспресо
  • 230 милилитри бадемово млеко
  • 1 кафена лажичка сирово какао во прав
  • 1 кафена лажица корен од мака во прав
  • 1 кафена лажичка кокосово масло или путер
  • 1 кафена лажичка сиров мед
  • 1/2 кафена лажичка куркума во прав
  • Прстофат ванила
  • Прстофат цимет
Начин на подготовка:

Сипете го кафето во шолјата во којашто ќе послужувате, додајте го млекото и добро промешајте. Потоа додајте ги и сите останати состојки освен циметот, по наведениот редослед, и повторно промешајте. На крај декорирајте со цимет кој ќе го оставите на врвот на кафето.

Пробајте го и овој кофеински еликсир со куркума за здравје и енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар