Според основачот на психоанализата, Сигмунд Фројд, главните знаци на доброто ментално здравје се трите способности – љубов, работа и уживање. Современата американска психоаналитичарка, Ненси Меквилијамс, додава уште неколку. Прочитајте во продолжение за кои способности станува збор.rnrn
rn
1. Способност да ги сакате луѓето какви што се
rnБез критикување, осуда и идеализирање! Покрај тоа, зрелата љубов вклучува искреност и посветеност. Ова ја вклучува и способноста за дружење со луѓе од различни возрасти.rn
2. Способност за работа
rnЖивотот добива смисла преку работата, а важен показател е и степенот на професионализам на една личност.rn
3. Способност за играње
rnВо заедничките игри се развива имагинацијата и способноста да се чувствуваат желбите и потребите на оние во близина. Затоа и возрасните треба да играат! Нека никогаш не згасне детето во вас.rn
4. Способност да бидете независни
rnОваа вештина е тесно поврзана со чувството на сопствената внатрешна сила. Кога сте силни и самоуверени, свесни сте дека можете да се потпрете на себе.rn
5. Способност да се справувате со стресот на соодветен начин
rnНесоодветните реакции на животните проблеми вклучуваат пороци, манипулации, депресија, неможност да се продолжи понатаму. Освен тоа, ментално силната личност е способна да ги признае своите грешки и да извлече заклучоци за иднината.rn
6. Способност да се доживеат емоциите
rnМентално здравите луѓе се способни да ги искусат (и препознаат кај другите) овие основни емоции: интерес, радост, страв, срам, депресија, запоставување, одвратност, како и разбирање дека другите ги лажат.rn
7. Способност за учење и саморазвивање
rnЖелбата за учење сама по себе е индикатор на богата имагинација и љубопитност!rn
8. Способност да ги постигнете вашите цели
rnСамодовербата е еден од клучните елементи за постигнување реални цели во одредена временска рамка.rn
9. Способност да се грижите за вашето здравје
rnПсихички нормален човек се грижи за себе, обидувајќи се да избегне сè што може да му наштети.rn
10. Способност да разберете што е во ваша, а што е надвор од ваша контрола
rnЗдравата психа му овозможува на човекот да го прифати она што не може да се промени и да продолжи да живее, без разлика на сè.rnrnОткако прочитавте за знаците кои укажуваат на добро ментално здравје, можеби ќе сакате да прочитате и за овие 5 физички активности кои се одлични за вашето ментално здравје.rnrnИзвор: sensa.mondo.org
