Одри и Морган се најдобри пријателки коишто ќе бидат вовлечени во интернационален заговор откако една од нив ќе дознае дека момчето што ѝ раскинало било шпион
rn
Режија: Сузана ФогелrnrnУлоги: Мила Кунис, Кејт МекКинон, Сем ХјуанrnrnВреметраење: 116 минутиrnrnПремиера: 09 август 2018rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, комедијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=CXkUaaVrB_srnrnСтанува збор за комедија што е преполна со акција (и многу насилство) и што наликува на филмовите како Бонд, Борн и Невозможна мисија, но во многу поурнебесна верзија. Дејството го следи неверојатното патешествие на две најдобри пријателки, Одри (Мила Кунис) и Морган (Кејт МекКинон), откако ќе западнат во шпионска војна. Филмот изобилува со „женска моќ“, па затоа и им го препорачуваме на девојките што сакаат да поминат забавна вечер заедно.rnrn
rnrnКако што насловот веќе ви кажува, Дру (Џастин Тероу) ја откачил Одри, и по заканата од нејзина страна дека ќе запали сè што е негово, тој набрзина се враќа назад за да земе нешто што скрил кај неа, но пред да успее во својата намера, го убиваат пред нејзините очи. На тој начин таа и дознава дека тој бил шпион, и дека мора да ја заврши неговата мисија.rnrn
rnrnТака и започнува најголемата трка низ Европа, каде што Одри и Морган мораат да избегнуваат голем број закани со цел да преживеат. Со оглед на тоа што ниту едната, ниту другата не се тренирани агенти или шпиони, тие навистина многу добро се снаоѓаат. Ќе наидете на многу вакви нелогичности во текот на филмот, но ако можете да замижете на нив, ќе добиете навистина забавно искуство што ќе ве насмее до солзи.
