Пејзажи што оставаат без здив, заробени во мали стаклени тегли

Пејзажи што оставаат без здив, заробени во мали стаклени тегли

Фотографот Кристофер Рилендер користи специјална техника за фотографирање, наречена двојна експозитура со цел да ги „сними“ прекрасните фински пејзажи во стаклени тегли. Овие фотографии ни даваат увид во минатото на фотографот, додека истовремено и метафорички ги зачувува сеќавањата што ги формирал за време на своето детство во Финска.

„Реалноста може да биде прекрасна, но надреалноста е таа што најчесто ме обзема“, вели тој. „Фотографијата за мене е начин на искжаување и стимулирање на мојата имагинација. Природата е всушност светот. Со алтернативни и експериментални техники за фотографирање јас успевам да создадам уметност што би можела да се направи само преку дигитална манипулација во софтвер.“

Погледнете ги неговите неверојатни дела коишто ќе ве натераат да посакате да имате вакви теглички што би си ги поставиле на својата работна маса или пак, во дневната соба.

Погледнете ги и овие креативни разнобојни рамки што ги претвораат теглите во прекрасни вазни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар